Македонија
Талер:Има време до декември за практичен договор
Македонија ќе биде многу посилна кога ќе почнат преговорите за полноправно членство, а до декември има време да се најде практичен договор
Македонија ќе биде многу посилна кога ќе почнат преговорите за полноправно членство, а до декември има време да се најде практичен договор.
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија словенечкиот европратеник Зоран Талер ова го изјави во четврток во Скопје, истакнувајќи дека за решавањето на спорот за името најмногу помага директна комуникација, за да се увиди дали има нови моменти, кои можат да доведат до компромис
Талер по разговорите со вицепремиерите за економски прашања и за евроинтеграции Зоран Ставрески и Васко Наумовски нагласи дека не дојден тука да дава препораки, туку дека неговата порака е генерална и позитивна.
„Датумот за преговори ќе значи многу за обичните граѓани на Република Македонија затоа што со тоа се приближуваат до Европа. Македонија напредуваше со препораката од ЕК, а сега треба да се направи напор и да се напредува во декември. Ако тоа не се случи тогаш знаеме, ќе дојде до разочарување, до пад и ќе биде многу потешко повторно да се дојде до истото ниво“, истакна Талер
Тој додаде дека Европскиот парламент во ноември ќе биде активен и се надева дека пораката ќе биде Македонија да почне преговори и што поскоро да стане полноправна членка. /крај/ил/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

