Македонија
Платите во јавната администрација ќе се замрзнат

Замрзнување на платите во јавната администрација за наредната година најави во четвртокот министерот за финансии Зоран Ставрески.„Владата со проекциите за буџетот за 2010 година нема да предвиди зголемување на платите и тие ќе останат непроменети“, изјави Ставрески.
Замрзнување на платите во јавната администрација за наредната година најави во четвртокот министерот за финансии Зоран Ставрески. „Владата со проекциите за буџетот за 2010 година нема да предвиди зголемување на платите и тие ќе останат непроменети“, изјави Ставрески.Тој појасни дека оваа одлука е донесена поради актуелните околности, кога економската кризата е се уште присутна. „Доаѓаме во ситуација кога се стабилизира економијата, но не можеме да кажеме дека преку ноќ економијата ќе оствари закрепнување, тоа ќе се оствари постепено. Логично е буџетот да се планира на разумен начин, кај што нема да има зголемување во тековните расходи“, вели Ставрески. Тој не ја исклучи можноста, доколку се создадат реални услови во текот на наредната година сепак да дојде до покачување на платите во јавната администрација. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Николова: Јаневска продолжува со еднострани одлуки за гимназиското образование

На предлог на СДСМ, Собраниската Комисија за образование, наука и спорт го усвои предлогот за одржување јавна расправа за Предлог Концепцијата за гимназиско образование. Водени од ставовите на стручната фела кои своите мислења ги даде во јавноста, сметаме дека оваа јавна расправа е од исклучителна важност бидејќи ќе овозможи поширока дискусија со сите засегнати страни – наставници, експерти, претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и учениците, истакна Даниела Николва, пратеничка на СДСМ.
СДСМ, како што рече Николова, останува доследна на својата заложба реформите во образованието да се носат низ темелен и инклузивен процес.
„За жал, министерката Јаневска во досегашниот процес не покажа подготвеност за вистинска јавна дебата. Наместо да отвори простор за дијалог со експертите и наставниците, таа продолжува со еднострани одлуки кои предизвикуваат сериозна загриженост во јавноста. Начинот на кој досега се турка оваа концепција покажува отсуство на транспарентност и недостаток на слух за критиките и сугестиите од стручната фела.
Затоа, сметаме дека оваа јавна дебата во Собранието треба да се организира поскоро со што ќе се покаже дека е разбрана важноста на овој процес. Само низ искрена и отворена дискусија можеме да донесеме решенија кои ќе бидат во интерес на учениците, наставниците и целиот образовен систем. Универзитетските професори, наставниците, средношколците и сите засегнати страни имаат суштинска улога во креирањето на квалитетен и одржлив образовен систем“, вели пратеничката.
СДСМ, како што најави, ќе продолжи да се залага за подобрување на условите во образованието и за реформи кои ќе бидат во најдобар интерес на учениците, наставниците и општеството во целина.
Македонија
Манев за грабнувањето на Вања: Палевски планираше да грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на сопственик на веледрогерија, сведочеше обвинетиот Велимир Манев.
Според сведочењето, Палевски размислувал и за киднапирање на директорот на „Гранит“, а првата личност која сакал да ја грабнат била ќерка на пензиониран скопски бизнисмен кој живее во истата зграда од која беше грабната Ѓорчевска. Потоа Палевски им рекол дека ќе грабнат од 38 до 40-годишна жена од богато семејство.
„Ни ги покажуваше сликите на телефон. Изгледаше на 40-годишна жена, не личеше на дете“, рече Манев.
Палевски им го објаснил системот и начинот како се отвара вратата, ентериерот на внатрешноста на зградата.
„Јас и Боре влеговме во зградата. Беше темно, немаше сијалица. Светлина доаѓаше од влезната врата. Чекавме. Кога се симнуваше личноста, Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата и ја повлековме кон скалите, кон потемното. Излезе од лифтот, спуштајќи се по скалите надолу. Според сликите кои ни ги даваше Палчо, особата беше идентична, колку што можевме да видиме во темното. Ја врзавме, ја ставивме во вреќа за спиење. Кешишев ја донесе колата пред влезот, го отвори гепекот за да можеме да ја ставиме“, рече Манев.
На таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски му се слоши, по што судијата даде пауза.
Македонија
Мојсоска: Со ОЈО-ГОКК, кое бара само куќен притвор за „Пуцко“, раководи куќниот пријател на Ахмети

Пратеничката од редовите на Левица Јована Мојсоска, во објава на социјалните мрежи го поставува прашањето зошто едно од барањата е преиначено иако станува збор за ист случај, со Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. „По направените разговори, Обвинителството за едниот обвинет побара притвор, додека за другиот домашен притвор“, пишува таа.
„Капушевски оди во притвор, Пуцко Петрол во куќен притвор. Која е разликата помеѓу Капушевски и Пуцко Петрол, што обвинителот го преиначи барањето за притвор во куќен притвор?“ – напиша Мојсоска на социјалните мрежи.
Мојсоска истакнува дека не е логично, за ваков случај обвинителството да оценува дека не постои опасност од бегство, имајќи ги во предвид претходните бегства на бизнисмени и политичари од државата во време кога против нив е отворен предмет за сторено кривично дело, како примерите за Васко Ковачевски (конкретно поврзано со овој случај) или Артан Груби.
„Откако избега Васко Ковачевски (кој директно е поврзан со набавката на мазут каде е замешан Пуцко Петрол), како обвинителот проценил дека нема опасност за бегство во случајот со Пуцко?! Во конкретниов случај, веќе има едно лице кое е недостапно за органите на прогонот, а сепак Обвинителство проценува дека нема опасност за бегство.“
Пратеничката истакнува дека Ислам Абази, кадар на ДУИ кој важи за близок до Ахмети, раководи со ОЈО-ГОКК и ова го потенцираше како причина зошто барањата за притвор се селективни.
„Иначе со ОЈО-ГОКК, кое бара куќен притвор само за Пуцко, раководи куќниот пријател на Ахмети, Ислам Абази. Затоа функционер од ДУИ не смее да оди во притвор“, додава Мојсоска.