Македонија
Борисов:Македонските политичари да не забораваат кон што се стремат
Македонските политичари не треба да забораваат кон какви заеднички вредности сакаат да се присоединат, за што се декларираат, како што се членството во Европската унија(ЕУ) и НАТО.
Македонските политичари не треба да забораваат кон какви заеднички вредности сакаат да се присоединат, за што се декларираат, како што се членството во Европската унија(ЕУ) и НАТО. Ова, по пристигнувањето во Брисел, го изјави во четврток бугарскиот премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја изјавата на македонскиот премиер Никола Груевски за време на посетата на Австралија, во која повикува Македонците да не се делат на Егејци, Вардарци и Пиринци. „Веднаш им кажав на нашите соседи во Македонија, дека на патот по кој тргнале – кон ЕУ и НАТО, треба да прочитаат какви се вредностите што се негуваат таму, а тоа е Европа без граници, Европа на добрососедство, Европа, каде конфликтите не се решаваат со слични изјави, туку со преговарање, со мир, со разбирање, со толеранција“, рече Борисов. Бугарскиот премиер соопшти дека албанскиот премиер Сали Бериша побарал средба со него, на која двајцата ќе ги разгледаат изјавите на Груевски. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

