Македонија
Архитектот Заров награден за животно дело
Годинешната награда за животно дело и особени достигнувања во архитектурата и градителството му беше врачена на архитектот Климент Заров /79/ на пригодна свеченост во четвртокот вечер. Примајќи ја наградата „Андреја Дамјанов“, која традиционално ја доделува Асоцијацијата
Годинешната награда за животно дело и особени достигнувања во архитектурата и градителството му беше врачена на архитектот Климент Заров /79/ на пригодна свеченост во четвртокот вечер.Примајќи ја наградата „Андреја Дамјанов“, која традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Заров истакна дека „признанието му претставува огромна чест и сатисфакција за личниот придонес во развојот на современата македонска архитектура“.Според Комисијата за доделување на годинешната награда Заров несомнено спаѓа во редот на истакнатите фигури на современата македонска архитектура.„Во своето долгогодишно делување се занимавал со повеќе сегменти од архитектонската професија, минувајќи ги сите скалила за целосно оспособување во широката палета на архитектурата, почнувајќи од заштитата, конзервација, реставрација, урбанистичко и просторно планирање, проектирање и менаџмент“, посочи претседателот на Комисијата за доделување на годинешната награда Александар Смилевски.Најголем примат од авторските објекти на архитектот Заров несомненo е хотелот„Инекс“ во Охрид за кој е добитник и на Републичката награда „11 Октомври“.Меѓу неговите позначајни реализирани објекти се колективна станбена зграда на Пошта-Охрид, хотелите „Св. Илија“ и „Силекс“ во Охрид, бунгалови во летувалиште Претор, реконструкција и доградба на Поштата и на аеродромска зграда во Охрид, Детален план на централно градско подрачје на Охрид… Во 1963/1964 извршил и интервенции на црквата Св. Јован Богослов Канео и ја презентирал во нејзиниот автентичен облик од крајот на 13 век ./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

