Македонија
Bussiness Week: Македонија сиромашна провинција на Грција?
Реномираното списание Bussiness Week деновиве направи груба грешка ставајќи фото детал од Македонија, во текст посветен на Грција.
Реномираното списание Bussiness Week деновиве направи груба грешка ставајќи фото детал од Македонија, во текст посветен на Грција, на своето онлајн издание.
Списанието на 13 октомври излезе со статија за државите со најголем јаз помеѓу богатите и сиромашните, во која Грција е рангирана на деветтото место.
Сторијата немаше да биде спорна доколку во фото галеријата, Грција не беше представена со две фотографии.
Првата фотографија е од островот Санторини, прикажувајќи една од позначајните туристички дестинации во Грција, што алудира на богатство.
Наспроти неа, беше прикачена фотографија од Скопје, на која еден бездомник лежи под билборд на поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски, што според авторите на сторијата, треба да ја прикаже сиромашната страна на Грција.
На фотографијата од Скопје, веднаш може да се воочи дека не станува збор за Грција, бидејќи на билбордот од прв поглед се забележуваат букви испишани на македонската азбука, која е многу поразличка од грчката, а воедно јасно се гледа ликот на поранешниот градоначалник на Скопје.
Спорната фотографијата е направена во март 2005, од Роберт Атансовски, македонски фоторепортер, вработен во весникот Нова Македонија, кој воедно е дописник/фоторепортер на AFP/GETTY IMAGES. Редовна практика на новинските куќи е да користат фотографии од фото агенциите иако фотографијата не е наменски изработена за потребите на сторијата.
Поради ваквата грешка, неупатените читатели од светот можеа да помислат дека Република Македонија е најнеразвиениот дел од Грција, и наведуваше на заклучок дека грчкото лоби има замешено прсти како и во многу други случаи каде што Р. Македонија е често нереално представувана.
Редакцијата на Макфакс се обрати за објаснување до авторот на текстот Frederik Balfour, кој одговори дека ја проследил реакцијата до надлежните во фото одделот на Bussiness Week и дека грешката е ненамерна. Фредерик е новинар стациониран во Хонгконг, во Азискиот оддел на Bussiness Week.
Во денешната ревизија на статијата, на инсистирање на Макфакс, грешката е исправена и фотографијата од Скопје на сајтот е одстранета и заменете со соодветна. /крај/ап/мг
Screen Shots од сторијата погледнете тука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Македонија
Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.
Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.
„Почитуван г. г. Стефан, Чест и задоволство ми е Вам, лично, и на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Посакувам празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот.
Верувам дека осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата, и ќе нè инспирира на добродетелство и на грижа за блиските и за заедницата.
Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа.
Свесни дека човештвото е соочено со длабока криза и со тешки искушенија, мора да почнеме да се менуваме себеси, ако сакаме да го промениме општеството. Само морални и мудри индивидуи создаваат силни заедници чии напредок и благосостојба никогаш не се на сметка на туѓата болка и страдање.
Да се радуваме што постоиме, да го цениме и да го почитуваме она што го имаме, материјалните и духовните богатства да ги споделиме со другите. Сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност, и благословена и просперитетна иднина.
Бог се јави!“, пишува во честитката на Гордана Сиљановска-Давкова.

