Македонија
МАНУ ја продолжува вонредната седница за Енциклопедијата
Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) в четврток попладне ќе ја продолжи вонредната седница посветена на прашањето за македонската Енциклопедија. Претседателот на МАНУ, Георги Старделов рече дека очекува во рамки на денешното Собрание на Академијата
Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) в четврток попладне ќе ја продолжи вонредната седница посветена на прашањето за македонската Енциклопедија.Претседателот на МАНУ, Георги Старделов рече дека очекува во рамки на денешното Собрание на Академијата без одлагање да бидат решени сите дилеми со Енциклопедијата, да биде разрешена старата редакција на изданието и да почнат подготовките за формирање нова редакција.Според Старделов, во новата редакција ќе бидат застапени сите етнички заедници во Македонија, а нејзиното формирање ќе трае најмногу еден месец. Новата редакција, како што рече претседателот на МАНУ, ќе биде одговорна „за натамошната судбина на Енциклопедијата“, ќе ги одреди приоритетите и ќе решава за исправките.Главниот редактор на спорната Енциклопедија, Блаже Ристовски, од своја страна пред неколку дена рече дека новата редакција што ќе ја формира МАНУ може да направи нова енциклопедија, но не може да ги користи материјалите од првата.Ристовски порача дека Енциклопедијата е „завршена работа“ и посочи дека има авторски права кои што се заштитени, поради што текстовите не можат да ги користат некои други редактори, без посебен договор со авторите.Македонската Енциклопедија, која што беше промовирана кон средината на септември, годинава, предизвика бурни реакции во јавноста. Особено спорни се покажаа одредниците што се однесуваат на Албанците./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

