Македонија
Неделен промет на берзата од 1,17 милиони евра
Македонската берза за хартии од вредност минатата недела оствари вкупен промет од тргување од 74.217.494,43 денари (околу 1,17 милиони евра).
Македонската берза за хартии од вредност минатата недела оствари вкупен промет од тргување од 74.217.494,43 денари (околу 1,17 милиони евра).
После подолг период на домашниот пазар на капитал, неделава беше направена една блок трансакција со акциите ТТС Технички Гасови Скопје, во висина од 33.786.655,00 денари. Предмет на трансакцијата беа 11.045 акции по цена од 3.059,00 денари, кои претставуваат 7,55% од основната главнина. Со ова беше прекинат период во кој немаше блок трансакција од 07.08.2009 година.
Од државните обврзници за денационализација најмногу се тргуваше со државната обврзница од осмата емисија со која се постигна промет од 5.736.643,00 денари при истргувани вкупно 118.289 обврзници.
Во однос на тргувањето со акции, изминатата недела првото место со најголем остварен неделен промет и припадна на акцијата на Комерцијална банка АД Скопје. Со оваа акција се постигна промет од 15.384.212,00 денари.
На второто место се најде акцијата на Алкалоид АД Скопје со промет од 10.936.293,00 денари.Третото место и припадна на акцијата на Гранит АД Скопје со промет од 6.518.054,00 денари, Четвртото и петтото место им припаднаа на акциите на Топлификација АД Скопје која направи промет од 5.429.074,00 денари и акцијата на Макпетрол АД Скопје со промет од 5.411.134,00 денари.
Индексот на десетте најликвидни компании МБИ-10 во текот на неделата претежно се движеше во негатива, незначителен пораст забележа во средата од 0,57%, а ја заврши неделава со пораст од 1,98%. Индексот на јавно поседуваните друштва имаше негативен тренд на движење во текот на целата недела. Индексот на обврзниците имаше променливо движење, но без некои поголеми промени и осцилации.
На неделно ниво најголемиот ценовен пораст го забележа акцијата на Макпетрол-Тема Скопје , со скок во средата од 50,00% при цена од 30,00 денари по акција.
Најголем пад на цената на неделно ниво доживеа акцијата на РЖ Фаморд Скопје, а намалувањето во четвртокот изнесуваше 42,00%, а акциите се тргуваа по цена од 42 денари./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

