Македонија
Вељановски во посета на Тарчуловски

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска ќе го посети Јохан Тарчуловски во притворот на Трибуналот за воени злосторства во Шевенинген.
Претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска ќе го посети Јохан Тарчуловски во притворот на Трибуналот за воени злосторства во Шевенинген.
Спикерот Вељановски, како што соопшти неговиот кабинет посетата на Тарчуловски во Шевенинген ќе ја оствари на враќање од работниот престој во Соединетите Американски Држави.
Тарчуловски од Хашкиот трибунал е осуден на казна затвор 12 години. Минатата недела по подолга пауза се појави во хашката судница на јавната седница по жалбата што ја поднесе неговиот адвокатски тим.
Тимот бранители на Тарчуловски најави дека очекува Хашкиот суд да ја објави одлуката за поднесената жалба на пресудата на крајот на оваа или на почетокот од идната година.
Одбраната на Тарчуловски го прогласи Хашкиот суд за ненадлежен за случајот Љуботен, а подоцна од Трибуналот побара пет години помала казна затвор за поранешниот полициски командант. /крај/ег/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење во службата.
„На 27 јануари пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште“, соопшти МВР.
Оттука велат дека со тоа му била нанесена штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари.
Македонија
Поништена јавната набавка за 120 електрични eко автобуси

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.
Оттука информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда.
„По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик“, се наведува.
Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија, во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија, посочувајќи дека нашата држава покажува ефикасно справување.
Вчера во Македонија беа регистрирани 20 пожари на отворен простор, од кои десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати. За разлика од останатите држави во регионот, заклучува партијата, кај нас нема евакуирани и раселени лица, ниту човечки жртви, а причинетата штета е ограничена само на шумски површини.
„Ова не е резултат на среќа, туку на брза, организирана и професионална интервенција на сите надлежни служби“ се наведува во соопштението на партијата.
Во Турција, над 3.500 граѓани се евакуирани, а загинаа 17 лица, од кои дури 13 пожарникари. Огнот зафати и градски области, предизвикувајќи уништување на куќи и инфраструктура.
Во Албанија, каде што активни се 45 пожари, евакуирани се над 2.000 луѓе, изгореа над 20 куќи, а целосно се испразнети села. Огнените стихии во Грција зафатија станбени квартови и предизвикаа огромни штети, додека илјадници граѓани беа евакуирани. Апокалиптични сцени има и во Бугарија, каде што се регистрирани над 240 активни пожари и е причинета значителна материјална штета.