Македонија
Јавна распределба на 102 социјални станови
Јавна прелиминарна електронска распределба ќе се одржи денеска на 102 социјални станови изградени и подготвени за вселување во скопската општина Ѓорче Петров.Распределбата ќе биде извршена во присуство на апликантите со електронски софтвер кој ќе ја подготви прелиминарната
Јавна прелиминарна електронска распределба ќе се одржи денеска на 102 социјални станови изградени и подготвени за вселување во скопската општина Ѓорче Петров.Распределбата ќе биде извршена во присуство на апликантите со електронски софтвер кој ќе ја подготви прелиминарната ранг листа на добитници на социјалните станови.Обраќање на настанот ќе има министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Со социјалните станови во Ѓорче Петров започнува електронската распределба на становите под закуп, која според надлежните, ќе овозможи поедноставна обработка на податоците на апликантите и елиминирање на факторот човек при утврдување на ранг листите за добивање социјален стан под закуп./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

