Македонија
Форум за алтернативен туризам на Балканот

Првиот Балкански форум за алтернативниот туризам ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Скопје и во Берово. На форумот за „Развој и интегрирање на алтернативниот туризам на Балканот – размена на позитивни искуства и поставување основи на интеграција преку создавање заеднички
Првиот Балкански форум за алтернативниот туризам ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Скопје и во Берово.На форумот за „Развој и интегрирање на алтернативниот туризам на Балканот – размена на позитивни искуства и поставување основи на интеграција преку создавање заеднички проекти“, ќе присуствуваат претставници на туристички субјекти од 9 земји членки на асоцијацијата „Балканија“, претставници на институции, дипломати, пратеници, експерти, туристички работници.Организатор на Форумот е Балканската асоцијација за алтернативен туризам „Балканија“. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) „Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и Мециновиќ кои се претставуваат за скромни и чесни луѓе пред граѓаните, се само обични лицемери и луѓе кои свртеле милионски суми во своите џебови од сопствената партија“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Лицемерието во Левица е огромно. Говорат дека се работничка партија и молат за донации, за потоа од истите луѓе кои им ги донираат овие средства, истите да си ги поделат 2-3 од врвот на Левица.
Но, тоа не на зачудува од вакво тип на лицемерни и дволични политичари, кои денес зборат и прават едно, утре друго.
Вакви луѓе кои немаат визија, немаат идеа, и немаат ниту едно решение за ниту еден проблем, туку знаат само да лажат и манипулираат во јавноста, се прочитани од народот. Апасиев, Мециновиќ и Левица се демаскирани“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.
Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките од испитувањата што Министерството за култура и туризам ги побара како неопходност што произлезе од пожарот на објектот, извести Министерството за култура.
Она што е особено значајно во решението е дека ќе се задржи постојната форма за почитување на колективната меморија, Универзалната сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, како: HVAC, сценска механика, ЛЕД-осветление, аудио-видео и електрични инсталации. Предвидени се и нови современи материјали и во ентериерот и во екстериерот, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а е изработено и современо, атрактивно партерно и хортикултурно решение.
Очекувањата се до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор по што ќе почне изградбата на Универзалната сала по системот клуч на рака. Планирано е изградбата да биде завршена до крајот на 2027 година, а од 2028 година Универзалната сала ќе биде подготвена да биде дел од програмата „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра, соопшти Министерството за култура.
„Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и во иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани. Со нејзината изградба создадовме предуслови Скопје да го зачува духот на својата културна традиција, но и да ја зајакне својата улога како европска престолнина на културата за 2028 година“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Македонија
„Влен“: Министерот на ДУИ, Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево

„ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи“, велат од „Влен“.
„ДУИ денеска се обидува да ја префрли одговорноста врз други, но граѓаните знаат дека токму оваа партија е главниот виновник за еколошката катастрофа која ја живее Скопје и цела Северна Македонија.
Бујар Османи е во тежок зорт кога почна да си ги мести и своите сопартијци, во овој случај неговиот довчерашен колега Насер Нуредини.
ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на објектот во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје.
Потписот на дозволата е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок другар на Бујар Османи. ДУИ 20 години раководеше со екологијата во државата. За тие две децении создадоа депонија во центарот на Тетово, депонија во центарот на Кичево, депонија веднаш до Струга, како и десетици депонии околу Скопје. Наместо решенија, ни оставија отровна животна средина.
ДУИ управува и со јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје. Директорот е нивен кадар. Ако денес Скопје се гуши во чад и отрови, тоа е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалност на институциите под нивна контрола.
Додека граѓаните живееја во загаден воздух и отровна почва, функционерите на ДУИ купуваа трговски центри, фотоволтаични централи и нафтени бизниси. ДУИ нема право да зборува за екологија. Тие се симбол на партизација, корупција и урбан хаос. Граѓаните на 19 октомври ќе кажат стоп на оваа политика и ќе изберат власт што ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе воведе ред во управувањето со отпадот.
На ДУИ треба да му се инсталира детектор за лаги без одлагање. Количеството на лаги кои го пласираат станува медицински проблем. Како е можно ДУИ да го обвинува Изет Меџити за дозвола потпишана и издадена во време кога министер е Насер Нуредини? Како е можно партијата која 20 години раководи со ресорот животна средина да го обвинува Изет Меџити, кој е министер само 1,5 година? Како е можно ДУИ да е толку отуѓена од реалноста за вака дрско да ги потценува граѓаните“, прашуваат од „Влен“ преку писменото соопштение.