Контакт

Македонија

Европскиот Парламент одлучува за укинување на визите

Објавено пред

Европскиот парламент во четврток треба да одлучува за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора за шенген зоната од 19 декември.Се очекува дека Европскиот парламент ќе ја усвои одлуката, а пред стапување во сила треба да биде потврдена од министрите за

dobivaj vesti na viber

Европскиот парламент во четврток треба да одлучува за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора за шенген зоната од 19 декември.Се очекува дека Европскиот парламент ќе ја усвои одлуката, а пред стапување во сила треба да биде потврдена од министрите за внатрешни работи и правда на Европската унија на состанокот закажан за 30 ноември и 1 декември.Известувачката на Европскиот парламент за визната либерализација на Западен Балкан, словенечката пратеничка Тања Фајон е оптимист.Според неа сите држави членки на ЕУ ја поддржуваат иницијативата на Словенија визната либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора да стапи во сила на 19 декември годинава, а не од први јануари 2010, како што беше претходно најавено.Фајон очекува силна поддршка од членовите на Европскиот парламент за укинување на визите.Граѓаните на Македонија по укинувањето на визите, со новите биометриски пасоши ќе можат слободно да патуваат во сите земји членки на унијата, со исклучок на Велика Британија и Ирска, а визната либерализација важи и за Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. /крај/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ најави нов скандал: „Поврзан е со тендерските мрежи на ДПМНЕ“

Објавено пред

СДСМ извести дека денеска на прес-конференција ќе објави нов скандал „поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ, на нивните омилени фирми преку кои се испумпуваат парите на граѓаните“.

dobivaj vesti na viber

Прес-конференцијата ќе се одржи во 12 часот во седиштето на СДСМ, на којашто ќе се обрати Богданка Кузеска – портпаролка на партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченото отворање на 12. Глобален форум во Баку, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ се одржува од денеска до 15 март во Баку, Република Азербејџан.

dobivaj vesti na viber

Таа оцени дека Глобалниот форум во Баку во изминативе години прерасна во една од најважните меѓународни платформи, што ги адресира најважните регионални и глобални прашања.

„Мултилатерализмот отстапува пред мултиполаризацијата. Растечкото геополитичко ривалство го ослабнува системот за колективна безбедност. Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни. Консензусот по Втората светска војна се доведува во прашање. Како да живееме на почетокот на една нова ера во која се поткопува меѓународниот систем втемелен на правила“, рече претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Форумот.

Во контекст на актуелните геополитички превирања, претседателката посочи дека од ден на ден имаме сѐ повеќе прашања, а сѐ помалку одговори, а светот станува многу поразлично место.

Таа изрази уверување дека Глобалниот форум во Баку може да понуди свежи перспективи за тоа како да продолжиме да работиме во насока на постигнување и зачувување на мирот, како врвен заеднички интерес.

Главно обраќање на свеченото отворање на настанот имаше претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев, а меѓу говорниците беа и претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: На барање на граѓаните, зголемен бројот на локации за собирање кабаст отпад од 15 до 20 март

Објавено пред

Општина Центар ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во периодот од 15 до 20 март. Поради позитивните реакции и успехот на акцијата реализирана во февруари, зголемен е бројот на пунктови на кои граѓанитe ќе можат бесплатно да го одложат својот кабаст отпад, информираат од општината.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за следните локации:
– Капиштец, кај Цветен пазар, улица „Народен Фронт“;
– Капиштец, паркингот спроти Завод за вработување, улица „Васил Ѓоргов“ бр. 32;
– Буњаковец, позади ООУ „Ј. Х. Песталоци“, улица „Апостол Гусларот“;
– Дебар Маало, кај кружниот тек, улица „Антоние Грубишиќ“ бр. 20;
– Соборен храм, кај спортското игралиште, улица „Орце Николов“ бр. 22
– „50 Дивизија“ бр. 39, во близина на Клинички центар.

„Иницијативата е одлично прифатена од граѓаните, поради што поставивме дополнителни локации во повеќе центарски населби. Апелирам до сите да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од овој вид отпад. Да внимаваме на чистотата и да придонесеме кон поздрава животна средина“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Акцијата се спроведува согласно Акцискиот план за чист воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање и вклучува собирање на кабаст отпад во текот на три месеци, почнувајќи од февруари до април, во периодот од 15 до 20 во месецот.

Покрај ова, службите на општината активно спроведуваат обемна кампања за чистење на јавните површини под мотото „Центар не чека, Центар чисти“, додаваат во информацијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година...

Македонија1 час

Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси,...

Македонија2 часа

„Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски“, бара СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во...

Свет3 часа

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...

Европа4 часа

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет4 часа

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува „Ројтерс“

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа5 часа

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој ѝ постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија14 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија20 часа

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија20 часа

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...

Македонија21 час

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал прв човек на едно обвинителство кога слушнал за акцијата на МВР и БЈБ

По акцијата за канцерогениот мазут, во која беа уапсени 11 лица, премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека бил шокиран од...

Македонија22 часа

Палевски првин ја прашал Вања кои ѝ се родители за да им испрати фотографии, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше во судот за грабнувањето на Вања тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал фотографии од возрасна жена...

Македонија23 часа

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија24 часа

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет24 часа

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа1 ден

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет1 ден

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија1 ден

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа1 ден

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...