Македонија
Доделени грантови за училишта
Вкупно 246 основни училишта во Македонија ќе добијат грантови во износ од 2.600.000 евра за подобрување на инфраструктурата на училиштата, набавка на опрема и наставни помагала и обуки на наставници.
Вкупно 246 основни училишта во Македонија ќе добијат грантови во износ од 2.600.000 евра за подобрување на инфраструктурата на училиштата, набавка на опрема и наставни помагала и обуки на наставници.
Ова во четврток го соопшти министерот за образование и наука Никола Тодоров во рамки на свеченото доделување на грантовите во Скопје.
Ова е втора рунда на училишни грантови заснована на конкуренција при што сите основни училишта имаа можност да конкурираат со свои предлог проекти за добивање на грантови. Училиштата чии што апликации добија најмногу поени добија грантови.
„Квалитетот на образованието е главен приоритет на македонската влада и министерството за образование и наука и за таа цел се преземаат активности во насока на подигање на капацитетите на училиштата за ефикасно користење на човечките и финансиските ресурси“, рече министерот Тодоров.
Тој појасни дека голем дел од ваквите активности се спроведуваат преку проектот за модернизација на образованието кој е финансиран со заем од пет милиони долари од Светска банка, надополнет со донаторско ко-финансирање од владата на Холандија од 10 милиони евра, и учеството на владата на Македонија во износ од приближно три милиони долари. /крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

