Македонија
Вељановски бара поддршка за датум за преговори
Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељановски упати писмо до земјите членки на Европската унија во кое бара поддршка од неговите колеги за донесување одлука на Европскиот совет во декември за одредување датум за почеток на пристапни преговори
Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељановски упати писмо до земјите членки на Европската унија во кое бара поддршка од неговите колеги за донесување одлука на Европскиот совет во декември за одредување датум за почеток на пристапни преговори.
“Во рамките на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, ја користам оваа прилика, во светлина на претстојниот Европски совет во декември 2009 година, да побарам од сите земји членки на Европската унија поддршка за прашање од исклучителна важност за мојата земја – почетокот на преговорите за членство во Европската унија“, се наведува во писмото.
Европската комисија во својот Извештај за напредокот на Република Македонија во 2009, ги афирмираше вложените напори и постигнувањата во исполнувањето на стандардите и критериумите за членство во ЕУ и препорача почеток на пристапни преговори со мојата земја, пишува Вељановски, додавајќи дека препораката на Комисијата беше прифатена со огромно задоволство во македонската јавност, недвосмислено потврдувајќи ја остварливоста на перспективата за членство во ЕУ и споделувањето на заедничките идеали и вредности.
Околу билатералниот спор за името со Република Грција, ние сме целосно посветени ова прашање што поскоро да се разреши и веруваме дека тоа е можно со обострана конструктивност и флексибилност, во духот на европската соработка, наведува Вељановски, во писмото, додавајќи дека нашиот пристап во разговорите под покровителство на ОН продолжува да биде активен и конструктивен и со интензивирана динамика насочена кон изнаоѓање на разумно компромисно решение прифатливо за двете страни.
Почетокот на преговорите со Република Македонија суштински ќе ги поттикне и останатите држави од регионот во пред-пристапните реформи и ќе го потврди кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ.“ се наведува во писмото на Вељановски до неговите колеги од земјите членки на Европската унија./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

