Македонија
Временска прогноза за понеделник

Времето во Македонија во понеделник ќе биде променливо облачно, со појава на слаба магла во котлините. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со температура од 4 степени до максималната температура од 17 степени целзиусови.
Времето во Македонија во понеделник ќе биде променливо облачно, со појава на слаба магла во котлините.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со температура од 4 степени до максималната температура од 17 степени целзиусови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанчев: Под плашт на законски измени за евиденција на трудот ФЗО додава Северна во името

По измената на повеќе од 16 закони со кои се цементиташе „Северна“ во името на Република Македонија, власта на ДПМНЕ повторно протнува закон, овојпат за Фондот за здравствено осигурување, само за да го смени името на институцијата.
„Повторно имаме закон за домашна употреба, конкретно Законот за евиденции во областа на трудот, со којшто Фондот за здравствено осигурување на Македонија го менува името во ФЗО на Северна Македонија.
Преспанскиот договор вели: ‘Mенувањето на документите и материјалите коишто се за домашна употреба ќе се менуваат при отворање на секое поглавје на релевантно поле во преговорите со ЕУ’. Ние преговори немаме почнато со ЕУ! – Не знам зошто менуваме документи и закони за внатрешна употреба?, истакна Сашко Јанчев на комисиската расправа во Законодавно-правната комисија за Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на трудот.
Јанчев исто така нагласи дека Преспанскиот договор има многу правни основи за негова ништовност и наведе дека власта целосно го спроведува до таа мера што со закон се преземаат поголеми обврски од договорот.
Со ова ДПМНЕ уште еднаш потврди дека нема намера да работи во насока на ублажување на последиците од предавничкиот Преспански договор, а уште помалку да се залага за негово укинување. Она што го започнаа СДС и ГРОМ сега го продолжува ДПМНЕ.
Македонија
Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие, Градот Скопје одвои 685 милиони денари, 11 милиони евра и со цел памет директорот на ЈСП и вие коишто го браните со тоа дека не бил почитуван возниот ред, 11 милиони евра и возниот ред не е почитуван, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ Филип Јаневски, на денешната Седница на Град Скопје говорејќи за предлог-одлуката за именување на линискиот превоз на патници во градот.
Тој појаснува дека оваа година во овој буџет на ЈСП му е доделена можност за 800 милиони денари или 13 милиони евра што претставува рекордна сума. Притоа истакнува дека и покрај овие енормни суми ЈСП е доведено до дереџе да не може да се испочитува ниту возниот ред.
„Да сме набавиле нови автобуси, па вие овие што ги имате не можете резервни делови да набавите. Тие нови автобуси кој ќе ги сервисира, кој ќе плаќа за резервни делови? Овие што ги имате вие не можете да ги сервисирате, за овие нема шофери, ама нови автобуси да сме набавиле. Се истуривме пари давајќи во тоа претпријатие за да дојдеме до дереџе овде денес да ми велите вие дека ние ги лажеме граѓаните“, концизен е Јаневски.
Јаневски исто така посочи дека со приватните превозници на секои шест месеци се јавуваа проблеми, со вработените исто така, а паралелно секои два месеци беше и блокирана сметката на ЈСП, што поради долговите кон приватните превозници, што поради добавувачите на нафта.
„И вие мене ми велите да го смениме возниот ред, да не сме ги лажеле граѓаните, а до го смениме на пример директорот или градоначалникот тоа не ви текнува како решение можно. Затоа што може градоначалничката не ја бидува. Тука нас ни глумите дека се грижите за граѓаните дека немале автобус, можеби и се грижите да не грешам, па дајте да видиме зошто се потрошени 24 милиони евра во последните две години само за субвенции“, прецизен е Јаневски.
Македонија
„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје за 2024 година

Вчеравечер, по четврти пат се одржа настанот “E-commerce Awards” (Награди во е-трговијата)- годишна иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија чија цел е препознавање на најдобрите во македонската е-трговија.
Компанијата Зегин со е- продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата ”Најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубовта секогаш резултираат со успех.
Доказ за успешноста е токму оваа награда, четврта по ред, која претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина – велат од компанијата.
Во тој контекст , по барање и на задоволство на купувачите, оваа година услугите на онлајн продавницата www.zegin.com.mk се прошируваат. Компанијата ЗЕГИН најавува и новитет кој наскоро ќе биде лансиран, а тоа е мобилна апликација со која услугите на компанијата ќе станат уште подостапни за сите граѓани.
ПР