Македонија
Основана сметководствена комора
Сметководствена комора, која ќе функционира во рамките на Сојузот на стопански комори (ССК) формирана е во вторникот во Скопје.
Сметководствена комора, која ќе функционира во рамките на Сојузот на стопански комори (ССК) формирана е во вторникот во Скопје.
За претседател на Сметководствена комора е назначен Драган Митковски кој најави дека комората ќе работи на решавањето на тековните проблеми на сметководствените бироа, обезбедување на стручна помош, како и вршење на други работи во интерес на своите членови.
“Сметководствената комора се формира со цел да се избегне нелојалната конкуренција која што владее на пазарот, да се воведе ред со издавањето на лиценци за работа со што би се отстраниле проблемите на стопанството, изјави Митковски.
Тој укажа дека нелојалната конкуренција односно работењето на сметководство во домашни услови ги руши цените на регистрираните компании што долго се занимаваат со оваа дејност и на тој начин се прекршуваат правилата за сметководственото работење. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Реконструирана главната улица 21 во Расадник, обезбедени и нови паркинг места
Главната улица 21 во населеното место Расадник е целосно реконструирана. Денес, градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во активностите на терен, при што беше потврдено дека е обновена делница долга 450 метри и дека се обезбедени дополнителни паркинг места, со што е исполнето барањето на жителите од овој дел на општината.
Од Општина Бутел информираат дека наскоро ќе започне реконструкција и на улиците „Бутелска 2“, „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“.
Локалната самоуправа наведува дека континуирано реализира проекти за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места и обезбедува пристојни услови за живот на граѓаните.
Македонија
Трипуновски: Со пуштање на електронската испратница почнува дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денес присуствуваше на свечениот настан за пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), кој означува историска пресвртница во дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор.
На настанот, министерот истакна дека IFIS системот претставува крај на застарените процеси базирани на хартија.
„Ова означува значаен пресврт од застарени процеси базирани на хартија кон целосно дигитален пристап базиран на податоци. Со IFIS, градиме поодговорен систем за шумарство”, изјави министерот Трипуновски.
IFIS системот, кој е дел од проектот финансиран од Европската Унија, служи за следење на тековите на дрва, следење на шумските пожари, мапирање на биодиверзитетот и поддршка на ефикасно планирање на шумите.
„Овој проект е доказ за нашата заедничка посветеност на Владата и Европската Унија да изградиме шумарски сектор кој е модерен, транспарентен, усогласен со стандардите на ЕУ и одржлив за идните генерации”, нагласи министерот.
„Како министер, ве уверувам дека министерството ќе продолжи да го движи овој процес напред – во партнерство со експерти, институции за да се обезбеди долгорочна одржливост, конкурентност и кредибилитет на шумарскиот сектор. Процесот на реформи продолжува“, заклучи тој.
Министерот изрази благодарност до Делегацијата на ЕУ, тимовите во Министерството, секторот Шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“ и сите вклучени институции за нивната улога во овој реформски процес.
Македонија
Поради лојалност кон Заев, Филипче го доведе СДСМ до распад, рече Манасиевски и објави дека поранешен градоначалник одбил позиција во партијата
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека, според него, СДСМ се наоѓа во тотален распад поради лојалноста на Венко Филипче кон поранешниот премиер Зоран Заев, додека од партијата се дистанцираат поранешни функционери и членови.
Манасиевски оцени дека Филипче во СДСМ гледа само корист, а не партија што треба да понуди програма, визија или стратегија за иднината на државата. Според него, Филипче работи единствено по насоки на Заев, што, како што рече, се гледа и од однесувањето на негови поранешни блиски соработници кои, наводно, не сакаат да се вратат во партијата.
Тој посочи дека, според информација што ја добиле од „Бихаќка“, познат доктор и поранешен градоначалник, претходно близок соработник на Филипче, одбил позиција во партиското раководство со образложение дека Филипче е „нерелевантен и човек без кредибилитет“.
Манасиевски нагласи дека СДСМ има потреба од итни реформи, додавајќи дека, според него, Филипче, Заев и Димитар Ковачевски ја довеле партијата до тоа да биде трета сила на национално ниво, а петта во Скопје.

