Контакт

Македонија

Проект интегрирана база на податоци за странци

Објавено пред

Билатерален договор за реализација на проектот – „Развој на интегрирана база на податоци за странци, која вклучува податоци за азил, миграција и визи“ ќе биде потпишан во среда во Скопје.Договорот ќе го потпишат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно

dobivaj vesti na viber

Билатерален договор за реализација на проектот – „Развој на интегрирана база на податоци за странци, која вклучува податоци за азил, миграција и визи“ ќе биде потпишан во среда во Скопје.Договорот ќе го потпишат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, Кјетил Паулсен. Главната цел на овој проект е да се развие интегрирана база за странци која ќе ги вклучува податоците од областа на азилот, миграциите и визите – во согласност со европските стандарди – и која ќе овозможи побрз и унифициран пристап до податоците на министерствата кои ги покриваат наведените области. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Осуммина членови на екипата на „ДНК“ загинаа во пожарот во Кочани

Објавено пред

Осум лица од тимот на „ДНК“ се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Покрај Андреј, починати се и музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.

Пејачот на „ДНК“, Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и на раката и е во болница.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Објавено пред

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека во објектот било увидено дека нема хидрантска мрежа, недоволен број на ПП апарати, немало доволен број на врати и таа што ја имало била затворена со сунѓери за сузбивање на звукот, немало огноотпорен покрив, и дека просторот бил за објект за лесна индустрија, а не во угостителски објект.

„Се презедоа низа активности, со тоа што од страна на јавните обвинители беа издадени наредби за обдукција на починатите.

Беше наредено да се апси секое лице кое што со своето постапување или непостапување довело до настанот, и да се испита неговата улога. Има наредба за испитување на низа на предмети. Беше издаден предлог за издавање на наредби за привремено одземање на снимки од безбедносни камери на Основниот суд Кочани. Издадена е наредба за одземање документација од дискотеката. Исто така наредба за претрес на дом и други простории во Кочани.

Од страна на јавните обвинители беше извршен увид на лице место, и уште не е завршен, ќе продолжи во текот на утрешниот ден. Ќе ангажирам уште 3-5 јавни обвинители од ЈО Скопје, затоа што е сложен предмет, и ќе треба да се испитуваат уште многу работи“.

Според Коцевски во дискотеката немало можност за пристап на противпожарни возила. Внатрешноста на објектот била со гипс картон, но без огноотпорни својства, немало систем за известување за пожар.

„Објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант, немал доволен број на ПП Апарати, односно само два, неемал доволен број на врати, туку освен влезот само една единечна импровизирана врата на задниот дел, но истата била заклучена со катанец и без квака од внатрешната страна и затворена со гипс картон. Исто така непрописно била обложена со материјали за звучна изолација, со лесно согорливи материјали.
Противзаконски биле користени пиротехнички материјали без соодветна дозвола.

Објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустрија од 419 метри квадратни. Не е извршена пренамена во угостителски објект. И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозовла за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години“, рече Коцевски.

Пропустите се како што рече навистина големи и тоа според него е ерозија на системот.

Се бара краткотраен притвор за десет лица за кои во текот на денешниот ден обвинителството собрало докази, а откако ќе заврши увидот постои можност за продолжување на притворот, соопшти Коцевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Каролина Гочева: Уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…многу ќе ми фалиш Сарке моја

Објавено пред

„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…“, напиша Каролина Гочева на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон… многу ќе ми фалиш Сарке моја“, додаде пејачката.

Сара Пројковска вонредна професорка на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...

Македонија46 минути

Екс министерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош....

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од...

Македонија3 часа

Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани...

Македонија4 часа

„Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“

Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот. „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во...

Македонија4 часа

Владата на вонредна седница донесе неколку одлуки: седумдневна жалост во цела држава, строги контроли во угостителските објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица...

Македонија5 часа

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени...

Македонија5 часа

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани....

Македонија6 часа

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве...

Македонија6 часа

Почина Андреј од ДНК

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. „Голем човек, големо срце,...

Македонија6 часа

Дваесет повредени кои се во критична состојба ќе бидат пренесени во Бугарија, во Турција, во Грција и во Србија, вели Таравари

Дваесет од вкупно 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на...

Македонија7 часа

Повеќето од починатите, загинале во стампедото во дискотеката, кажа директорка на општата болница во Кочани

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на...

Македонија7 часа

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, Струмица загуби талентиран музичар“, напиша Костадинов

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си...

Македонија8 часа

Двајца пациенти се на респиратор, а уште двајца може да завршат на респиратор во „Св. Наум Охридски“, некои се со 60 отсто изгореници

Двајца од хоспитализираните 29 лица во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по пожарот во дискотека во Кочани се...

Македонија8 часа

Тошковски: 59 загинати, 155 повредени во пожарот во дискотека во Кочани

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави пред...

Македонија9 часа

(Видео) Благојчо Георгиев од Кочани: Кој даде дозвола таа шупата таму да работи, дискотека да се нарекува

Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во видео-снимка објавена на социјалните мрежи кажа дека изолацијата во дискотеката во Кочани била направена...

Македонија9 часа

(Видео) Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Во моментов пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во...

Македонија10 часа

Во моментот 118 лица се згрижени низ болниците во државата, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври кажа дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и...

Македонија10 часа

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека е почната од 5 обвинители

Државниот обвинител Љупчо Коцевски утринава по состанокот со колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани и со министерот за внатрешни...

Македонија10 часа

Министерството за здравство објави телефонски броеви за информации за состојба на пациентите, 152 лица се хоспитализирани

Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти. Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а...