Македонија
Тадиќ-Србија го признава уставното име на Македонија
Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име и тој став нема да се промени. Ова во четврток, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Белград, го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ.
Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име и тој став нема да се промени. Ова во четврток, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Белград, го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ. Двајцата претседатели во заедничко соопштение ја повториле заедничката поддршка за европските интеграции и ја поддржале грчката иницијатива сите земји од западен Балкан да станат членки на Европската унија(ЕУ) во 2014. година. Иванов и Тадиќ го охрабриле црковниот дијалог меѓу Српската и Македонската црква, со цел решавање на ова отворено прашање. Претседателите на Србија и Македонија го констатирале и различниот став по прашањето на независноста на Косово, но и заедничкиот интерес за стабилноста на регионот. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во четврток присуствуваше на погребот на српскиот патријарх Павле. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Заев не е политички активен веќе 5 години, зошто ВМРО-ДПМНЕ упорно ни се обраќаат со прашања за слободен граѓанин на Македонија“, прашува СДСМ
„ВМРО Ванчовистичка не може, или можеби не сака да сфати дека Зоран Заев не е политички активен веќе пет (со букви), нагласуваме 5 години (со бројка). Ако треба да дојдеме и да им го нацртаме тоа – тука сме. Затоа не разбираме, или премногу добро разбираме (дефокус), зошто упорно ѝ се обраќаат на СДСМ со прашања за слободен граѓанин на Македонија – Зоран Заев“, прашува СДСМ.
„За неколку дена влегуваме во 2026 година. Ако на ѕидот сè уште ви стои стар календар од 2016 година, време е да го смените.
Еве, наскоро ќе биде 15 јануари – ќе поминат точно 10 години откако вашиот тогашен, а и сегашен претседател Никола Груевски не е премиер.
Единствено што можете да нè прашате е: Колку документи за вашите криминални дејствија има АКТ и на колку години затвор се однесуваат тие документи. Вам останува само да одговарате – и тоа пред судот и пред народот!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање во Кичево, престануваат да важат мерките и препораките
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 24.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево
Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.
Македонија
Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“
Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ Кафе“ и на Александар Нацев како неформален сопственик на „Рубикон“ денес во дигиталната судница во Идризово продолжува судењето за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Александар Нацев е 35. физичко лице обвинето за пожарот во Кочани, досега беа дадени воведни зборови за 34 обвинети физички лица и за едно правно лице од вкупно три правни лица обвинети за пожарот во „Пулс“. Сите кажаа дека не чувствуваат вина за пожарот.
По воведните зборови на одбраната судот ќе почне со сослушување сведоци предложени од Обвинителството.
Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, односно оти од 2012 година до пожарот со постапување, но и со непостапување придонеле за катастрофалниот пожар. Меѓу обвинетите се поранешни министри за економија и вработени во Министерството, градоначалници на Кочани, градежни инспектори од Општината, инспектори од Државниот пазарен инспекторат, проектанти, менаџери на локалот, обезбедувачи, а првообвинет е сопственикот на „Пулс“.

