Македонија
Македонија ќе користи италијански искуства за употреба на биомаса
Италијански технологија и искуства ќе се применуваат во неколку проекти во Македонија за употреба на биомаса, рационална употреба на енергија и енергетска ефикасност.
Италијански технологија и искуства ќе се применуваат во неколку проекти во Македонија за употреба на биомаса, рационална употреба на енергија и енергетска ефикасност.За таа цел во понеделникот во Скопје министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи потпиша договори со четири италијански компании.Договорите се однесуваат на изработка на проектна документација, која доколку биде позитивно оценети од Обединетите нации согласно Протоколот од Кјото, ќе биде основа за идни странски инвестиции во Македонија.Согласно договорот, предвидено е италијанската компанија AD ENG да изработи проектна документација за користење на обновливи извори во општина Македонска Каменица.Компанијата ENG ќе прави проектна документација за користење на обновливи извори за енергија и енергетска ефикасност на територијата на скопската општина Карпош.Претставник на компанијата IKARO потпиша договор за изработка на проектна документација за користење на лозови дршки за производство на биомаса во Неготино, додека компанијата TOLLO е задолжена за изработка на документација за користење на биомаса во текстилната фабрика Тетекс од Тетово.Доколку проектите се покажат како одржливи, самите фирми се обврзани да обезбедат инвестиција за комплетирање на проектите.Со комплетирање на овие проекти Италија си ги исполнува своите обврски согласно договорот од Кјото, додека Македонија, покрај странска инвестиција, ќе добие и можност за користење на италијански технологии и искуства, изјави Кристијан Мелис, раководител на заедничката канцеларија на министерствата за екологија на двете држави.Според министерот Јакупи, Македонија веќе е препознаена во регионот како лидер по правилно поставување на прашањето за климатските промени на сите нивоа.„Уште на еден начин ја потврдуваме нашата заложба за полноправно членство во Европската унија, бидејќи придонесуваме за реализација на еден од најглавните приоритети на унијата, а тоа е придонес кон намалување на климатските промени“, рече Јакупи. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.