Македонија
Избрани „најдобрите угостителски објекти меѓу најдобрите’
Ресторанот „Три Бисери“, Мексиканскиот ресторан „Амигос“ и ресторанот „Гурмет“ се најдобрите три за оваа година, а во категоријата гостилници, првите три плакети им припаднаа на гостилниците „Лира“, „ИВ“ и „Идадија“
Ресторанот „Три Бисери“, Мексиканскиот ресторан „Амигос“ и ресторанот „Гурмет“ се најдобрите три за оваа година, а во категоријата гостилници, првите три плакети им припаднаа на гостилниците „Лира“, „ИВ“ и „Идадија“.
Плакетите во категориите гостилници и ресторани во рамките на традиционалната манифестација, во понеделник во Музејот на Град Скопје на наградените им ги додели скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
„Многу ми е драго што градот покажа ваква иницијатива за оценување на работата на угостителските објекти, а ми се допаѓаат и критериумите под кои беше оценувана таа работа. Постоиме веќе 14 години, а ова е втора година по ред како што се доделува оваа награда, и се надевам дека оваа традиција ќе продолжи.“ изјави Влатко Милев сопственик на гостилницата „Лира“.
Истражувањето, поддржано од Град Скопје, од страна на тајни клиенти било спроведено од 15 октомври до 15 ноември оваа година, а биле опфатени 50 ресторани и 50 гостилници во Скопје. Спроведени биле вкупно 300 посети, по 3 во секој угостителски објект./крај/сл/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

