Македонија
Бранителите нема да ги враќаат парите
Бранителите од конфликтот во 2001 година немаат повеќе обврска да и ги вратат парите на државата, што претходно ги земаа како отштета.
Бранителите од конфликтот во 2001 година немаат повеќе обврска да и ги вратат парите на државата, што претходно ги земаа како отштета.
Лидерот на здружението „Достоинство“, Стојанче Ангелов во понеделникот за Макфакс рече дека владата на последната седница ги повлекла сите тужби против бранителите. Ангелов вели дека за оваа одлука „Достоинство“ било информирано од владин претставник.
Ваквиот епилог уследи откако „Достоинство“ во неделата презентираше пресуда на Врховниот суд со која се поништуваат пресудите на прилепскиот Основен суд и на битолска Апелација дека резервист бесправно добил 15 илјади евра од државата.
Владата ја прифатила забелешката на Врховниот суд да се земе в предвид членот 205 од Законот за облигациони односи, односно дека не може да се бара враќање на неосновано платен износ на име надоместен на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, доколку наплатата е извршена на совесен прибавувач.
Втората причина поради која Врховниот суд смета и дека бранителите не треба да ги вратата парите е дека тие биле совесни прибавувачи, бидејќи парите ги земале врз основа на правосилна судска пресуда.
Ангелов денеска повторно побара од владата да бидат обештетени и преостанатите бранители, кои не се обештетени /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.
Македонија
Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош
Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со електрична енергија, објави БНТ. Според бугарските медиуми, по проверка на залихите било утврдено дека земјата располага со доволни количини за сопствените потреби и може да ѝ помогне на Македонија во услови на кризна состојба во енергетиката.
Како што пренесува БНТ, понудата била дадена по телефонски разговор меѓу бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев и македонскиот министер Тимчо Муцунски, при што било нагласено дека помошта е израз на добрососедство и солидарност, со цел обезбедување енергетска безбедност и стабилност во регионот.
Од македонската Влада, пак, за Дојче Веле изјавиле дека државата засега не планира да ја прифати понудената помош. Според Владата, Македонија во моментов располага со доволни сопствени капацитети и не се наоѓа во состојба во која би имало потреба од ваков тип надворешна поддршка.
Владата на редовна владина седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што информираа, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството.
depositphotos

