Македонија
Иванов – Прашањето за границата е затворено
Македонија и Србија имаат различни ставови по однос на Косово, порача денеска шефот на државата Ѓорге Иванов, констатирајќи дека земјава го затворила прашањето за северната граница.Претходно српскиот претседател порача дека не ја признава демаркацијата граница меѓу Скопје и Приштина
Македонија и Србија имаат различни ставови по однос на Косово, порача денеска шефот на државата Ѓорге Иванов, констатирајќи дека земјава го затворила прашањето за северната граница.Претседателот изјавата ја даде откако српскиот претседател Борис Тадиќ порача дека не ја признава демаркацијата граница меѓу Скопје и Приштина и оти од Иванов добил уверување дека документот потпишан меѓу Србија и Македонија за границата во 2001 останува на сила.Иванов денеска посочи на соопштението кое минатата недела во Белград заеднички го објавија тој и Тадиќ.„Заедничкото комунике..завршува со ставот дека по однос на Косово имаме различни ставови. Ова е само потврдено. Тој има свој став, ние имаме наш став“, рече претседателот.„Ние навистина ја направивме демаркацијата врз основа на спогодбата што веќе ја имавме, што постоеше меѓу (претседателите Воислав) Коштуница и (Борис) Трајковски. Така што ние конечно тоа прашање затворивме и тоа е нашиот став“, додаде Иванов./крај/с/ил
Тадиќ:Србија никогаш нема да го признае договорот за демаркација
ДУИ ќе бара одговорност од претседателот Иванов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

