Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Законот за градење не e против интересите на граѓаните
Неискрена беше намерата да се манипулира со јавноста и да се укажува дека Законот за градење е против интересите на граѓаните и нивните имоти во коишто живеат повеќе од 10, 20 или 30 години
Неискрена беше намерата да се манипулира со јавноста и да се укажува дека Законот за градење е против интересите на граѓаните и нивните имоти во коишто живеат повеќе од 10, 20 или 30 години
Вака од ВМРО-ДПМНЕ ги коментираат објаснувањата на експертите за Законот за градење.
„Ако добро се прочитаат законските одредби, ќе се види дека тие воопшто не ги засегаат споменатите категории на граѓани, ниту пак сопственоста на нивните имоти, туку најмногу би ги засегнале прекршителите на Законот, некои добро познати од аферите кои излегоа на површина во блиското минато, кои се во безмилосна трка за профит, не внимавајќи притоа воопшто на никој околу себе“, објасни Сашо Дукоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од владејачката партија ова е изобличување на одредбите од Законот за градење и дека тоа може единствено да се разбере како обид за манипулација со јавноста и со единствената цел да се заштитат интересите на прекршителите на Законот, а никако како грижа за сите граѓани на Република Македонија.
„Со новиот Закон за градење јасно се дефинирани и поедноставени многу услови за учесниците во процесот на градење како што се лиценците и овластувањата“, истакна Дукоски и додаде дека исто така зголемен е степенот на заштита на граѓаните кои што сакаат да купат нов стан со цел да се избегне продавање на еден стан на повеќе лица.
Дукоски потсети дека Законот за градење е еден од оние закони кои пред донесувањето поминаа на голем број на јавни и стручни расправи, во кои беше вклучена целата јавност, вклучувајќи тука: граѓани, претпријатија, единици на локалната самоуправа, професори, правници и други заинтересирани страни./крај/форум/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони, велат од Министерството за здравство.
Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор не смее да биде место каде тој избор се претвора во ризик за здравјето на другите.
„Законот не уредува дали некој ќе пуши, туку јасно определува каде тоа не смее да се практикува, со цел заштита на здравјето на сите присутни. Квалитетот на воздухот во затворени простории е директно поврзан со здравствените исходи. Чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта, помалку астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања.
Предлог-законот ја третира изложеноста на тутунски чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил. Во угостителските објекти, токму персоналот е најдолго и најинтензивно изложен на чад од цигари и други тутунски и никотински производи, поради што државата има јасна обврска да го заштити правото на вработените на здрава и безбедна работна средина.
„Искуствата од европските земји кои веќе воведоа вакви законски решенија, како Ирска и Велика Британија и многу други, покажуваат дека овие мерки не претставуваат удар по угостителството и неговите приходи, туку транзиција кон поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент во угостителските објекти“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Тој додава дека ваквите мерки овозможуваат поголема посетеност од семејства, туристи и граѓани кои преферираат чист воздух, што на долг рок претставува директен бенефит и за самите угостителски објекти.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

