Македонија
Просечна плата во септември 20.004 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември изнесува 20.004 денари (околу 325 евра), додека просечната бруто-плата е 30.002 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември изнесува 20.004 денари (околу 325 евра), додека просечната бруто-плата е 30.002 денари.
Ова во вторник го објави Државниот завод за статистика, додавајќи дека септемвриската нето-плата споредена со истиот месец лани е зголемена за 118,7 отсто. Но, треба да се има предвид дека од почетокот на годината, со примена на концептот за бруто-плати, настанаа структурни промени во податоците за нето-платите со вклучување на надоместоците за храна и превоз во платите.
Порастот на нето-платата се должи на зголемувањето на просечната месечна плата во секторите здравство и социјална работа, рибарство и снабдување со електрична енергија.
Најголем пораст на просечната нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, има во секторите сообраќај, складирање и врски, преработувачката индустрија и финансиското посредување.
Во септември, 2,6 отсто од вработените во земјава не примиле плата, што е за 5,7 отсто помалку споредено со истиот период лани. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

