Македонија
Рен се надева на решавање на спорот со името
Еврокомесарот за проширување Оли Рен се надева дека евроинтегративниот процес на Македонија ќе продолжи со решавање на спорот со името.Ова, како што соопшти собранието на Македонија, еврокомесарот Рен го истакнал на Подготвителниот состанок на Мешовитиот парламентарен
Еврокомесарот за проширување Оли Рен се надева дека евроинтегративниот процес на Македонија ќе продолжи со решавање на спорот со името.
Ова, како што соопшти собранието на Македонија, еврокомесарот Рен го истакнал на Подготвителниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ во среда во Стразбур.
Рен во своето обраќање, како што се наведува го истакна значајниот напредок, што го постигна Македонија во изминатиот период, при исполнувањето на одредниците и изрази надеж дека евроинтегративниот процес ќе продолжи со решавање на спорот со името.
Делегација на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание присуствуваше на Подготвителниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, а попладне ќе присуствува на пленарната седница, на која ќе се разгледува Нацрт-резолуцијата за стратегијата на Европската комисија за земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

