Македонија
Делавекурас – Скопје треба да има конструктивен став

Скопје треба да усвои конструктивен став за постигнување на взаемно прифатливо решение за името, а претпристапните преговори со ЕУ не може да започнат се додека не биде постигнато решение. Ова во петок го изјави портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас
Скопје треба да усвои конструктивен став за постигнување на взаемно прифатливо решение за името, а претпристапните преговори со ЕУ не може да започнат се додека не биде постигнато решение.
Ова во петок го изјави портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас, додавајќи дека ова треба да биде јасно да се избегнат сите изненадувања, недоразбирања и очекувања.
Делавекурас, спроти денешната средба на премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Преспа, за Атинската новинска агенција рече дека изнаоѓањето на решение за името е процес што се води во Обединетите нации под покровителство на медијаторот Метју Нимиц.
„Тоа е местото од каде што треба да дојде решение и очекуваме од другата страна конструктивно да учествува во процесот“, рече Делавекурас, додавајќи дека директните и приватните средби може да придонесат со давање на еден момент во разговорите во Обединетите нации.
Тој повтори дека преговорите меѓу Скопје и Европската унија нема да почнат се додека прашањето за името не биде решено со усвојување на едно име за севкупна употреба, кое ќе содржи географска одредница. /крај/ана/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17, во 19 и во 22.30 часот.
Од таму велат дека се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем поради постојните сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија.
Од МРТВ наведуваат дека во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.
„Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма. Македонската радио-телевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавноста“, се наведува во соопштението.
Македонија
(Видео) Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денешната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, истакнувајќи дека таа се темели на принципите на одржливост, рамномерност и хуманост.
„Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот Генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град што се развива со луѓето, за луѓето“, изјави Шукова.
Таа нагласи дека клучна цел е воспоставување баланс во урбаниот развој меѓу јужниот и северниот дел на градот.
„Неконтролираната градежна експанзија јужно од Вардар ја надмина инфраструктурата и го ’задуши’ градот. Затоа ќе се фокусираме на развој на нови станбени населби северно од реката Вардар, каде што ќе се вложува во нова инфраструктура, со што ќе се привлечат инвестиции и ќе се обезбеди рамномерна урбана слика“, рече таа.
Во делот за сообраќајната инфраструктура, Шукова најави пренасочување на приоритетите – од автомобилите кон луѓето. „Скопје мора да премине од град на автомобили во град на луѓе. Пешаците и велосипедистите ќе бидат на врвот на сообраќајната пирамида. Центарот ќе го претвориме во пешачка зона, а новите булевари на северот ќе овозможат подобра поврзаност меѓу истокот и западот, без дополнителен притисок врз градското јадро“, потенцираше Шукова.
Посебен акцент стави на зелените површини, како предуслов за квалитетен и здрав живот. Таа најави изградба на 15 нови паркови за 15 месеци, подигање на Ботаничката градина кај ЈП „Паркови и зеленило“, пошумување на ободот на градот како продолжение на Водно и уредување на пешачко-велосипедската патека долж Вардар до Сарај.
„Зелените површини се белите дробови на градот. Скопје мора повторно да дише. Затоа ќе вложуваме во паркови, јавни простори и чиста животна средина“, рече таа.
Шукова ја претстави и долгорочната визија за развој на Скопје во наредните три децении, која, како што нагласи, ќе се темели на холистички пристап што комбинира одржливост, иновации и инклузивност. „Граѓанинот ќе биде во центарот на планирањето. Сакаме Скопје да биде креативен, отпорен и зелен град – место каде што луѓето живеат, работат и инвестираат во здрава и човечка средина“, порача Шукова.
„Ова е визијата за Скопје за која се бориме – град што ја почитува својата историја, но храбро гледа кон иднината“, заврши таа.
Македонија
Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток на судскиот процес, секојдневните блокади ќе бидат привремено прекинати, но маршевите ќе продолжат секоја сабота – како симбол на нивната упорност и борба за вистината.
Претходно беше соопштено дека главната расправа за предметот е закажана за 19 ноември 2025 година.
„Ние, родителите и семејствата на починатите деца, со големо внимание ќе го следиме судскиот процес, со единствена цел – да се открие вистината и да се обезбеди правдата за младите животи што беа изгубени во трагедијата што засекогаш го промени нашето општество,“ се наведува во соопштението.
Родителите очекуваат фер, транспарентен и непристрасен процес, во кој секој што има одговорност ќе ја понесе.
„Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија,“ додаваат тие.
Во изјавата се упатува и повик до јавноста, медиумите и институциите да го следат процесот со должно внимание, бидејќи, како што се наведува, „ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста.“