Македонија
Средбата на Груевски и Папандреу е „добар почеток“
„Добар почеток“ е коментарот на грчки официјални претставници за денешната средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу, јави репортерот на Макфакс.
„Добар почеток“ е коментарот на грчки официјални претставници за денешната средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу, јави репортерот на Макфакс.
Според претставниците на грчките медиуми, Атина не очекува голем пробив во спорот за името, туку подобрување на атмосферата меѓу двете земји.
Груевски и Папандреу треба да се состанат по трилатералната средба со албанскиот премиер Сали Бериша, околу 17 часот по македонско време, по што се очекуваат повеќе информации за содржината на разговорите. /крај/ил
Предходни вести:
(14:52) Почна трилатералната средба, Папандреу и Груевски се ракуваа>>-Македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу попладнево пријателски се ракуваа и разменија пригодни подароци во Пили, Мала Преспа, јави репортерот на Макфакс.
(14:25) Папандреу пристигна во Пили>> -Грчкиот премиер Јоргос Папандреу попладнето пристигна во Пили, Мала Преспа, каде треба да започне трилатерална средба на која ќе учествуваат и македонскиот и албанскиот премиер Никола Груевски и Сали Бериша.
Фотографии од средбата тука>> (за превземање на фотографиите контактирајте ја редакцијата на Макфакс 023110125, 023227127)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

