Македонија
Петти смртен случај од новиот грип во Македонија
Пациентка (67) кај која претходно бил потврден вирусот А(Х1Н1) почина утрината на Клиниката за инфективни болести, и е петти смртен случај во Македонија од новиот грип.Министерството за здравство в петок попладне соопшти дека пациентката
Пациентка (67) кај која претходно бил потврден вирусот А(Х1Н1) почина утрината на Клиниката за инфективни болести, и е петти смртен случај во Македонија од новиот грип. Министерството за здравство в петок попладне соопшти дека пациентката на Клиниката била примена на 26. ноември со кардиолошки проблеми.
Жената неколку дена била лекувана на КАРИЛ и по лабораториската потврда за присуство на вирусот А (Х1Н1) била префрлена на Инфективната клиника, каде била поставена на респиратор и и’ била дадена соодветна терапија. По два дена е забележано значително подобрување на состојбата и пациентката дишела самостојно.
Но, и покрај максималната заложба на лекарите од Клиниката и пружената медицинска грижа, како резултат на хроничната срцева слабост, в петок нејзината здравствена состојба значително се влошила и констатирана е смрт во раните утрински часови, соопшти Министерството за здравство.
Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти, додека на инфективното одделение во Воената болница се згрижени уште тројца пациенти, сомнителни за инфлуенца А (Х1Н1).
Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба. Освен една пациентка, примена на 1.декември, која сè уште е во тешка општа состојба, како и 25-годишниот пациент со бронхопневмонија. Двајцата се поставени на вештачка вентилација.
Исто така, на Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 12 нови пациенти и во моментов таму болнички се лекуваат 61 пациенти со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца со потешка клиничка слика. Во изминатото деноноќие дома се пуштени 21 пациент, откако е констатирано целосно повлекување на симптомите на новиот тип на грип./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ.
На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.
„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата Стоилковиќ.
Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
„Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави Стоилковиќ.
Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.

