Македонија
Трошоците на живот во ноември поголеми за 0,3 одсто
Трошоците на животот во Македонија во ноември годинава во однос на претодниот месец пораснале за 0,3 одсто
Трошоците на животот во Македонија во ноември годинава во однос на претодниот месец пораснале за 0,3 одсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември 2009 во однос на истиот месец лани се намалиле за 2,3 процнети.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември 2009, во однос на претходниот месец, пораст на индексите е забележан во групите: Сообраќај за 1.9%, Облека и обувки за 0.7%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.5%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Здравје за 0.1%.
Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за 1.6%, Ресторани и хотели за 1.4% и Комуникации за 0.4%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци и тутун, Мебел, покуќнина, одржување на покуќнина, Образование и Останати стоки и услуги, соопшти во понеделник заводот за статистика./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петрушевски: Вистинската основа за поднесената интерпелацијата на Стоилковиќ е јавното обелоденување на криминалите сторени од ДУИ
На собраниска седница за интерпелации се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој зеде збор во врска со интерпелацијата за Иван Стоилковиќ и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија не ја поддржува интерпелацијата поднесена од страна на ДУИ.
„Дозволете ми да го соопштам ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија која што нема ја да поддржи оваа интерпелација од неколку причини. Најпрвин затоа што се работи за лов на евтини политички поени од страна на ДУИ врз основа на меѓуетнички прашања, а она што е посериозно е што обидот за политизација на меѓуетничките прашања во време кога Македонија се соочува со многу предизвици на патот кон Европската унија е непотребен и пред се е штетен за стабилноста на државата што пак е во директна колизија со интересите на нашите стратешки партнери“, рече Петрушевски.
Пратеникот исто така истакна дека основите поднесени за оваа интерпелација се во надлежност на безбедносните структури, а не на министерот Стоилковиќ, и исто така објасни дека основата за поднесувањето на оваа интерпелацијата од страна на ДУИ е јавното откривање на криминалите сторени од страна на ДУИ.
„Исто така морам да истакнам дека наведените основи во интерпелацијата се во исклучива надлежност на безбедносните структури и во никаква надлежност на министерот Стоилковиќ и она што е добро е тоа што имаше соодветна реакција на МВР и се разјаснети сите околности особено морам да го истакнам инцидентот во Куманово каде што апсолутно не се работеше за никаков меѓуетнички инцидент туку напротив немаше никаква етничка основа. Но да бидеме реални вистинската основа за интерпелацијата е тоа што министерот Стоилковиќ ги откри јавно криминалите во работењето во Министерството за односи меѓу заедниците додека било раководено од ДУИ, наместо на ваков начин да се обедува ДУИ да го брани Артан Груби најдобро ќе биде веднаш да си ја повлече оваа неоснована интерпелација“, објасни Петрушевски.
Македонија
Не поминаа интерпелациите за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени
Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата.
Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите интерпелации, побараа политичка одговорност и оставка од вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.
Пратениците на СДСМ на почетокот на седницата најавија дека нема да учествуваат во расправата по интерпелациите бидејќи, според нив, нема потреба од нови поделби по етничка основа.
Интерпелациите за четворицата владини функционери не беа поддржани ниту од владејачкото мнозинство.
Вчера попладне беше изгласана само интепрелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, поднесена од пратеничката група на „Левица“.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение појаснија дека гласањето за интерпелацијата на Даути нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот, кажаа од Кабинетот.
Македонија
Времето денеска облачно со дожд и снег
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а максималните од 3 до 12 степени.
Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и на пониските места.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.