Македонија
Продолжува дебатата за Македонија

Дебатата за Македонија на која амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, в понеделник, разговараа в Брисел, заврши без заклучоци и се одлужи за вторник.
Дебатата за Македонија на која амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, в понеделник, разговараа в Брисел, заврши без заклучоци и се одлужи за вторник.
Откажана беше и прес конференцијата, на која меѓу другото требаше да биде соопштен крајниот исход од дискусиите за македонското прашање.
Европските министри и по неколку часовна дебата не успеаја да постигнат единствен став, за тоа дали и кога на Македонија да и се одреди датум за отпочнување преговори со Унијата.
Причина за несогласувањата е барањето на Грција, Македонија да добие датум за преговори, само откако ќе се реши спорот за името, додека Нацрт верзијата на Шведското претседателство, предвидува дебатата за преговорите да се одложи за март 2010 година.
Дипломатите кои присуствуваа на дебатата во големата сала на министрите, информираа дека околу ова отворено прашање се водеше жестока дискусија.
Синоќа во Брисел пристигна и премиерот Никола Груевски. Тој е поканет на конференција за Западниот Балкан, каде ќе може директно на своите европски партнери да им го презентира македонското прашање. /крај/а1/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.
Македонија
ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања во земјата и подготовките за претстојните локални избори.
Централното претседателство едногласно го именува Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ, за шеф на Централниот изборен штаб.
Исто така, со целосен консензус беа потврдени кандидатите кои ќе се натпреваруваат за градоначалници и носители на советнички листи во повеќе општини:
Во Општина Тетово, кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.
Во Општина Желино, кандидат ќе биде Гемир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ.
Во Општина Гостивар, носител на советничката листа ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ. Во Општина Струга, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ.
Во наредните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени дополнителни кандидати за останатите општини.
Од Алијансата за Албанците, преку Зијадин Села, се очекуваат предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Харачина и Дебар, а од Арбен Таравари – за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.
Од ДУИ велат дека остануваат посветени на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес, а граѓаните се повикуваат како на референдум да ја потврдат следната победа на локалните избори.
Македонија
Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката, како што истакна, е резултат на долг период на консултации и сериозно преиспитување, донесена заеднички со луѓето што му се најблиску.
„Не се работи за функција. Они кои ме знаат, добро знаат дека сѐ што правам, во секој предизвик, влегувам искрено, влегувам целосно без никакви задршки. Се работи за одговорност кон сопствениот дом, затоа што граѓаните на Чаир не заслужуваат да живеат во супстандардни и небезбедни услови, не заслужуваат да бидат игнорирани и омаловажувани.“, порача Османи.
Тој истакна дека влегува во оваа трка со посветеност, посочувајќи дека сака иднината на децата во Чаир да биде подобра, а нивното секојдневие побезбедно и поквалитетно.
„На Чаир му се потребни промени вистински, длабоки и човечки промени. Знам дека тие промени не се лесни, и затоа долго размислував пред да ја донесам оваа одлука. Јас не бегам од тешки мисии, напротив, верувам дека со чесна намера, секојдневна работа и професионален пристап, можеме да го промениме Чаир. Да го вратиме достоинството и да отвориме нова страница, со врата што никогаш нема да биде затворена за граѓаните“, рече Османи.
На крајот од своето обраќање, им се заблагодари на сите кои му ја изразиле поддршката во изминатиот период.