Македонија
Локалната власт, судството и јавната администрација – најкорумпирани
Локалната власт, судството и јавната администрација се најкорумпираните сфери во Македонија. Ова го изјави првата антикорупционерка Мирјана Димовска на конференцијата по повод 9. декември, Ден за борба против корупцијата.
Локалната власт, судството и јавната администрација се најкорумпираните сфери во Македонија. Ова го изјави првата антикорупционерка Мирјана Димовска на конференцијата по повод 9. декември, Ден за борба против корупцијата.
„Може да се каже дека имаме многу сериозни проблеми во локалната сфера, со градежништвото и со урбанизмот. Имаме сериозни проблеми во смисла на употреба на овластувањата на локалната власт до исклучивост и тука навистина може да се каже дека имаме сериозен проблем со корупција“ рече Димовска, претседател на Државната комисија за спречување на корупција.
Освен во локалната власт и судството, корупцијата е присутна и во јавната администрација, а според бројот на корупцијата е присутна и во политичката сфера, истакна Димовска.
Таа рече дека се работи на измена на изборниот законик и на законот за финансирање политички партии. „Тоа една област која не сме ја отвориле доволно добро, но ние како антикорупциска комисија веќе имаме согледано потреба за донесување на многу подобри закони, а реално може и да се направат во таа сфера“ додаде Димовска.
Универзитетската професорка Весна Шопар препорачува што поголема транспарентност во борбата против корупцијата.
„Мислам дека и тука искуствата треба се градат, развиваат, пронаоѓаат, да почнат да се применуваат нужни нешта што се општествено значајни, тоа е транспарентноста во работата, на што треба и медиумите да инсистираат сè повеќе. Нема долго време како имаме добиено закон за пристап до информации. Значи нови се нештата но, не е нова и корупцијата“ рече Шопар.
Михаела Стојкоска од УНДП ја цитираше пораката на Генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун.
„Кога јавни пари се присвојуваат за приватна корист, тоа значи помалку средства за градење болници, патишта и пречистителни станици за вода. Кога странската помош се насочува на приватни сметки на банка, запираат големи инфраструктурни проекти. Први на удар се најранливите групи и тие страдаат најмногу“.
Покрај воведните обраќања од страна на претставници на УНДП, Антикорупциската комисија и ЗЕЛС, беа доделени и пофалници на неколку општини за досегашните постигнати резултати и беа промовираа три нови прирачници од сферата на антикорупцијата.
Одбележувањето на Меѓународниот ден за борбата против корупцијата се заокружи со панел дискусија за предизвиците и можностите на истражувачкото новинарство во следењето, откривањето и спречувањето на корупцијата во земјата./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

