Македонија
Протести пред ЕУ инфо центарот поради одлуката во Брисел
Повеќе стотина граѓани во среда протестираа пред седиштето на Европската Унија во Скопје поради одлуката на Советот на министри за надворешни работи да ја одложи одлуката за доделување датум за старт на преговорите за членство со Македонија.
Повеќе стотина граѓани во среда протестираа пред седиштето на Европската Унија во Скопје поради одлуката на Советот на министри за надворешни работи да ја одложи одлуката за доделување датум за старт на преговорите за членство со Македонија.
“Дајте и шанса на Македонија“ и “Срам да ти е Грција“ беа само дел од транспарентите со кои граѓаните го изразија својот револт пред зградата на седиштето на унијата во Скопје. Со свирежи порачаа “НЕ за Европската Унија по цена на идентитетот“.
Зад протестите застанаа Сојузот на студенти при универзитетот “св. Кирил и Методиј“ и Средношколската Унија на Македонија.
“Сакаме да ја потсетиме Европската Унија дека македонските студенти и македонската младина направи се и дека заслужува да биде дел од европското семејство. Можеби ЕУ треба да расчисти самата со себе и со оние земји членки што и ги прават проблемите. Оваа порака што вчера беше дадена ќе делува демотивирачки кај младите во Македонија.“, изјави Иван Живковски, претседател на ССУКМ.
Организаторите се задоволни што Европската Комисија даде позитивна препорака за Македонија на 14-ти октомври, но таа не беше прифатена од страна на Советот на министри.
“Разочарани сме од необјективноста и неразумноста на одредени земји членки на Европската унија. Очигледно кај нив не надвладеа разумот и тие не беа подготвени да ги тргнат своите опструкции. Тие опструкции нас нема да не запрат ниту ќе ја сопрат нашата борба. Ние ќе продолжиме бидејки имаме силен стремеж. Ние како средношколци и како студенти ги бараме своите можности во рамките на ЕУ и за тие перспективи ние ќе истраеме до крај“, изјави Александра Давитковска, претставник на Средношколската Унија на Македонија. Протестите поминаа во мирна атмосфера. /крај/ач/
Повеќе фотографии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

