Македонија
Министерот за одбрана во посета на седиштето на НАТО

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски денеска и утре треба да ги посети седиштето на НАТО во Брисел и Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Монс, Белгија.
Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски денеска и утре треба да ги посети седиштето на НАТО во Брисел и Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Монс, Белгија. Посетата е во насока на продолжување и продлабочување на досегашната плодна билатералната соработка на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија со НАТО членките и највисоките воени командни структури на Алијансата.За време на престојот во Врховната команда на сојузничките сили за Европа, министерот за одбрана Зоран Коњановски ќе оствари средба со врховниот командант на сојузничките сили за Европа, американскиот адмирал, Џејмс СтавридисВо Командата на НАТО во Брисел, министерот ќе се сретне со постојаните претставници на повеќе земји членки на НАТО, помеѓу кои и со претставниците на Албанија, Бугарија, Естонија, САД, Турција, Унгарија, Холандија и Чешка./крај/с/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бугарите, добија поддршка од социјалдемократите, благодарение на СДС и нивните заложби, да гласаат против Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДС повторно фатени во лага. Овој пат, лажат дека членовите на нашите сестрински партии од ЕПП денес гласаа против, Освен Бугарите – другите гласаа „За“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Бугарите, добија поддршка од социјалдемократите, благодарение на СДС и нивните заложби, да гласаат против Македонија.
Наместо да ја поддржат борбата на ВМРО-ДПМНЕ за достоинствено претставување на државата во Европа, СДС се сити и сака да ја гледа Македонија во неуспех.
Зошто СДС работи против Македонија? Зошто СДС сака да го уништи достоинството на Македонија? Зошто СДС 30 години наназад работи спротивно на интересите на граѓаните?“, прашуваат од партијата на Мицкоски.
Појаснуваат дека Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 24 јуни 2025 година го усвои Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известителот Томас Вајц. Во документот, како резултат на континуираната посветеност и принципиелниот пристап, со широко мнозинство се потврдуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европската перспектива на државата, истакнуваат.
„Во изминатите три децении, доколку како општество и политички чинители дејствувавме со јасни цели, многу од предизвиците ќе беа поинакви – но барем немаше да бидат поврзани со оспорување на нашето постоење.
Ние сме Македонци. Со свој јазик, историја и чувство за припадност.
Оваа постапка од страна на Европскиот парламент не е крајна цел, туку охрабрување да продолжиме по патот на реформите, владеењето на правото и институционалната стабилност“.
Македонија
Лимани во Брисел ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на Северна Македонија во Програмата на ЕУ: „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на Република Северна Македонија во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (Citizens, Equality, Right and Values – CERV).
По повод потпишувањето на оваа значајна спогодба, Лимани ја потврди посветеноста на Владата на Северна Македонија на основните европски вредности – демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права.
„Нашето вклучување во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ не е само пристап до финансиски инструмент, туку суштинска можност за зајакнување на социјалната правда, институционалниот развој и граѓанското учество во Република Северна Македонија. Со потпишувањето на Спогодбата за пристапување кон оваа програмата, Северна Македонија станува рамноправен член со другите Земји членки на ЕУ во овој сегмент,“ рече Лимани по потпишувањето на спогодбата.
Пристапувањето во Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ е значаен чекор во усогласувањето со ЕУ-стандардите и интеграцијата на нашата земја во Унијата – таа директно придонесува кон исполнување на условите во Поглавјата 23 и 24. При тоа, беше нагласено дека, ова не е само процес на усвојување на законски решенија, туку пред сѐ трансформација на општествените вредности и создавање на поинклузивно, праведно и демократско општество.
Програмата обезбедува финансиска поддршка за граѓански организации, кои добиваат можност да аплицираат за грантови за проекти кои поддржуваат еднаквост, толеранција и човекови права. Преку Програмата се овозможува и институционална надградба. Владата и единиците за локална самоуправа можат да користат поддршка за подобрување на нивните капацитети во заштитата на фундаменталните права.
Програмата придонесува за промоција на недискриминацијата, засилена борба против родовата нееднаквост и насилството како и имплементација на препораките од Истанбулската конвенција.
„Само преку колективен ангажман можеме да гарантираме ефективна имплементација на реформите и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Ги повикувам сите институции и организации да ги искористат можностите што ги нуди Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“, да се вклучат во креирање одржливи решенија и заеднички да работиме на унапредување на владеењето на правото, заштитата на човековите права и јакнењето на демократијата во Северна Македонија,“ порача Лимани од Брисел.
Македонија
НСДП: Една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, државата се наоѓа во политички ќорсокак

Помина првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, година во која се потврди измамата на гласачите, а огромната доверба која им ја дадоа граѓаните беше изневерена. Државата се наоѓа во политички ќорсокак, без јасна перспектива и визија за иднината, велат од НСДП.
За НСДП, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е влада со најлош почеток од независноста на државата, бидејќи уште во првата година од владеењето се потврдија лажните и нереални ветувања дека ќе го вратат името, ќе го поништат Преспанскиот договор и договорот со соседна Бугарија и со тоа ќе ги направат граѓаните повторно горди, нема ништо од најавените реформи, а наместо тоа добивме изневерени очекувања на граѓаните, безидејност, закочена перспектива и тапкање во место на државата.
За НСДП ова е очекувано, знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во „заробена и изолирана држава“ и на добар пат се да ја вратат државата на ниво како што беше до 2017 год.
„За една година немаат отпочнато ниту една значајна реформа, ниту еден значаен проект со кој може да се пофалат пред граѓаните и да ја оправдаат големата поддршка од народот на изборите, уште се фалат и ги промовираат започнатите проекти на претходната Влада. Денес Македонија е држава без јасен пат и план за интеграцијата во Европската Унија, држава која не се реформира и економски стагнира, а граѓаните мака мачат да се справат со скапотијата и растот на цените“.
Владата, додаваат од оваа партија, се откажа од работниците, не ја интересира нивната живеачка и лошиот стандард, не разговара со синдикатите, економско-социјалниот дијалог не функционира и растот на платите е застанат.
„Додека цените во маркетите и на пазарите постојано растат, граѓаните и претпријатијата се оставени сами на себе да се справуваат со економската состојба.
Првата година од владеењето ќе остане запаметена по задолжувањата со 7 милијарди евра, за да може лесно да се финансира луксузот на владините функционери за скапите патувања, да се финансираат зголемувањето на министерствата и полнењето на администрацијата со партиски кадри, а не задоцнија и со тендерите на блиски фирми и луѓе до владеачката гарнитура.
Не задоцнија и со политичките пресметки со неистомислениците, во јавната администрација се прават невидени притисоци врз вработениете, откази и незаконски присилни распоредувања, за да се вдомат партиски подобни кадри со купени дипломи, така тие ја замислуваат реформата на јавната администрација и подобрувањето на квалитетот на услугите за граѓаните и фирмите“.
Според НСДП, вокабуларот кој го користи премиерот Мицкоски во јавните настапи е под секое политичко ниво, демонстрира дрскост, ароганција и непочитување.