Македонија
Нови 36 заразени од грипот, 17 се деца
Вкупно 36 лица, од кои 17 деца, се хоспитализирани во последните 24 часа, со симптоми на новиот грип А Х1Н1.
Вкупно 36 лица, од кои 17 деца, се хоспитализирани во последните 24 часа, со симптоми на новиот грип А Х1Н1.
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 11 нови пациенти, а други шест на Институтот за белодробни заболувања кај деца.
Во двете здравствени установи се лекуваат вкупно 102 деца со симптоми на грип, соопшти попладнево Министерството за здравство. Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен четири деца, кои имаат потешка форма на пневмонија.
Истиот извор наведе дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти сомнителни за инфлуенца А Х1Н1, а на инфективното одделение во Воената болница се згрижени уште четири пациенти. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај еден пациент, кој е со потешка форма на пневмонија и е поставен на респиратор.
На Клиниката за инфективни болести се лекуваат вкупно 83 пациенти, а други 21 се хоспитализирани во Воената болница./крај/с/ег/
Фото: Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

