Македонија
Јосиф Ќурчиев – добитник на наградата “Жан Моне“ за новинарство

Јосиф Ќурчиев, новинар во “Утрински весник“ е добитник на наградата “Жан Моне“ за новинарство, што ја доделува делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Јосиф Ќурчиев, новинар во “Утрински весник“ е добитник на наградата “Жан Моне“ за новинарство, што ја доделува делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Ќурчиев е награден за својот фељтон во четири дела, на тема “Од падот на железната завеса во 1989 година до проширувањето во 2004 година”. Темата на конкурсот е во духот на двата јубилеја: 5-годишнината од најголемото проширување на ЕУ и 20-годишнината од падот на Берлинскиот зид.
„Текстот не беше пишуван за награда, туку да објасни еден процес што го започнаа граѓаните на Источна Германија. Се надевам дека генерацијата на моите внуци ќе стигне до Европската Унија, па некој од таа генерација, да биде и еврокомесар, можеби за зачувување на идентитетот“, изјави наградениот Ќурчиев.
Тој наградата ја добива во конкуренција пристигнати 30 текстови од печатени медиуми, 20 телевизиски прилози и 10 радио емисии. За евроамбасадорот Ерван Фуере, ова е доказ за зголемениот интерес кај новинарите за известување на теми поврзани со ЕУ.
„Една од причините за доделувањето на оваа наградата е да се зголемат стандардите и професионализмот на медиумите“, изјави Ерван Фуере, специјален претставник на Унијата во Македонија.
„Улогата на медиумите е двојна. Тие се филтерот за тоа како македонската јавност ја перцепира ЕУ. Истовремено, медиумите се гласот на напорите што Република Македонија ги прави во насока на приближување кон Европската Унија“, изјави Васко Наумовски, заменик претседател на Владата.
Покрај доделувањето на наградата, во вторник беше претставена и книгата “Европа од А до Ш“од Вернер Вајденфелд и Волфганг Веселс, во која во детали е опишано функционирањето и политиката на Европската Унија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.