Македонија
Јорго Ќука од вторникот во затвор

Поранешниот директор на „Охис“ Јорго Ќука од вторник повторно ја отслужува три и пол годишна казна затвор.
Поранешниот директор на „Охис“ Јорго Ќука од вторник повторно ја отслужува три и пол годишна казна затвор. Неговиот адвокат Мирослав Вујиќ за Макфакс изјави дека Ќука се наоѓа во Затворот Скопје во Шуто Оризари. Според него, не е почитувана процедурата соодветна за ваков случај. „Без било каков упатен акт, тој е собран буквално од улица, со што му е ускратено правото на жалба“, вели Вујиќ. Ќука во 2007 година беше осуден за малверзации со акциите на фабриката „Охис“. Првично, тој доби четири и пол годишна затворска казна, а подоцна Апелациониот суд ја намали казната на три и пол години. Досега отслужи една година од казната, по што, поради здравствени причини, беше во домашен притвор. /крај/ач
Екс директорот на Охис Јорго Ќука во затвор>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.