Македонија
Фудбалскиот судија Антон Генов суспендиран од УЕФА

Aнтон Генов, фудбалскиот судија кој е осомничен за местење на пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Канада е суспендиран од страна на УЕФА на неодредено време и му е изречена забрана за судење се додека не се заврши истрагата, пренесува бугарски Фокус
УЕФА во соопштение за медиумите објавила дека „постоеле очигледни неправилности и шеми за обложување“ за време на натпреварот, а тие неправилности се однесувале за бројот на постигнати голови и бројот на досудени пенали.Портпаролот на УЕФА пак изјави дека одлучиле да не го назначат Генов за арбитер на престојните натпревари во Европа се до следното известување. Спортските обложувалници дале известување за премногу уплатени ливчиња на кои имало минимум три постигнати гола, колку што и беа постигнати на натпреварот, а исто така и за бројот на пенали кои ќе бидат досудени од страна на судијата, а беа досудени четири пенали. Канадските фудбалери промашија два пенали кои им беа досудени. Генералниот секретар на канадската фудбалска асоцијација, Питер Монтополи изјави дека ниту еден тренер или фудбалер не бил контактиран од официјалните лица во врска со скандалот. Од Фудбалската федерација на Македонија за Макфакс потврдија дека никој од фудбалерите или тренерот не биле контактирани од УЕФА. Американскиот дневен весник „USA Today“, пишува „Интересен детал е што ден пред отстранувањето на Генов од Европскиот комитет на фудбалски судии, Бугарскиот фудбалски сојуз беше распуштен, а членовите беа ослободени од должност“. Еуроспорт, пак тврди дека Генов бил суспендиран откако УЕФА успеала да ја докаже неговата вмешаност во скандалот, што други медиуми тоа не го објавија.Македонската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Канада со 3:0 на пријателскиот натпревар кој се одигра на 17 ноември во Струмица. /крај/фк/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.