Македонија
Промовиран прв адресар на организации на иселеници
Првиот адресар на организациите на иселениците од Македонија во четврток е промовиран во Скопје. Целта е подобрување на информираноста за организациите на иселениците од Македонија и нивна достапност до јавноста.
Првиот адресар на организациите на иселениците од Македонија во четврток е промовиран во Скопје. Целта е подобрување на информираноста за организациите на иселениците од Македонија и нивна достапност до јавноста.Адресарот содржи информации за 584 организации од вкупно 25 земји. Во него се вклучени организации и здруженија со потекло од Република Македонија, без разлика на етничката, верската и друга припадност на нивните членови. „Важно ни беше да направиме посеопфатно издание, со основни контакт информации. Направивме дополнително истражување и ја проверивме релевантноста на контактите. Вклучени се 584 организации од 25 земји“, изјави Александар Кржаловски, извршен директор на Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка. Презентацијата е направена по држави, по азбучен ред. Имињата се напишани на македонски и на англиски јазик, а на организациите на етничките заедници од Македонија и на нивниот јазик. „Ова е од голема важност бидејќи за прв пат некој се обиде и успеа да собере информации за иселеничките организации. Ова ќе ни помогне во воспоставувањето на што повеќе меѓусебни контакти, за поуспешна работа“, вели Методија Колоски, претседател на Обединетата Македонска Дијаспора од САД. Во подготовката на адресарот се користени податоци од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Демири: ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните
ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните, кажа денеска на прес конференција Агрон Демири, член на Извршен одбор на СДСМ.
„ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи. СДСМ е единствената политичка сила која вистински се залага за соживот и почитување на правата на сите етнички заедници. Кога ДУИ ја обвинува СДСМ за албанофобија заборава намерно дека во Извршниот одбор на СДСМ има членови Албанци, исто така имаме Албанци и во пратеничката група на СДСМ а значителен број Албанци гласаат за нашата партија. Затоа што препознаваат искреност и посветеност кон доброто на сите граѓаните но и кон добрите меѓуетнички односи“, вели Демири.
Тој рече дека со своите неодговорни политики, ДУИ му овозможува на ВМРО-ДПМНЕ дополнително да ја дестабилизира ситуацијата и да профитира политички.
„Нивната соработка е повеќе од очигледна – заеднички гласаат во Собранието, ДУИ им обезбедува Бадентерово мнозинство, па се до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата, се јасен доказ за тоа. СДСМ со концептот “Едно општество за сите” постави цврста основа за градење на обединето и толерантно општество. Оваа визија е широко прифатена од граѓаните, кои ја препознаваат важноста на единството и еднаквоста за стабилноста и иднината на нашата земја. Овој концепт останува јасен пример за нашата посветеност за меѓуетничка хармонија. СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот и популизмот, без разлика од каде доаѓа. Нашата партија ќе продолжи да се залага за соживот, единство и напредок на сите граѓани на Република Северна Македонија“, заклучи Демири.
Македонија
(Видео) Шукова: ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на мерки за намалување на загадувањето
Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки, кажа денеска на прес-конференција Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.
„Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик а ДПМНЕ да спие како власт, централна и локална. Како опозиција ветуваа 1 милијарда евра инвестиции и намалување на загадувањето за 50%. Нема ништо од тоа. Од кредитот од Унгарија, вреден 250 милиони евра власта не намени ниту едно евро за да го намалат загадувањето на воздухот. И ова е уште една потврда дека власта нема намера ништо да преземе. Дополнително, власта ги намалите парите во буџетот за борба против загадениот воздух и има 0 денари предвидено за програмите кои функционираа со години. Исто е и со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои за три години не презедоа ништо и понатаму не преземаат ништо, а локалната власт има широки ингеренции“, вели Шукова.
Според неа, Владата на СДСМ и локалната власт предводена од преземаше низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот и тие мерки придонесоа за намалување на концентрациите на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за-564kg на годишно ниво и намалување на честичките МП 10 за-735kg на годишно ниво.
„Успешно се спроведоа серија на мерки, стратешки инвестиции во производство на обновливи извори на енергија, проекти за гасификацијата, проекти за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму.
Во таа смисла ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на краткорочни и среднорочни мерки кои ќе влијаат на намалување на загадувањето.
Како одговорна партија денеска СДСМ предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти, општините. Дел од овие мерки успешно се реализираат во општините кои ги водат градоначалници од СДСМ, и сите се применливи.
– Општините да донесат Програми за субвенција за набавка на еколошки системи за затоплување во јавните објекти, субвенции за набавка на велосипеди, субвенции за чистење на оџаците, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, инвертер клима уреди и други чисти технологии
– Да набават и да постават прочистувачи на воздух во сите градинки и општински училишта.
– Да инвестираат во филтри на прозорците на училиштата и градинките кои се непропустливи за штетните честички ПМ 10 и ПМ 2,5.
– Општините да им помогнат на социјално загрозените семејства при набавка на енергенс за затоплување – посебна Програма за субвенционирање.
– Да се спроведе план за интензивно зазеленување на јавните површини(по примерот на локалната власт во Скопје кога беа обезбедни нови 300.000 метри квадратни нови зелени површини во Град Скопје)
– Во Скопје конкретно, да се набават нови еколошки автобуси за Град Скопје. 25 пати не е донесена Одлуката за набавка на нови еко автобуси за Град Скопје на Совет затоа што советниците на ДПМНЕ гласаат против.
– Да се вршат редовни контроли на инсталациите со Б интегрирана дозвола и контроли на градилиштата, дали изведувачите спроведуваат мерки за миење на тркалата.
– Интензивно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите депонии од страна на јавните комунални претпријатија.
– Да се започне постапката за носење на Закон за комунална полиција, а не истиот да се користи како популизам.
– Локалните власти на граѓаните да набавуваат еколошко така наречено суво дрво за огрев“, рече Шукова на прес-конференцијата.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС јавно да се извинат за Груби
Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку му го дал пријател, Груби мириса на криминал и корупција, кажа денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС знаеле што прави Артан Груби, и го дозволиле неговиот криминал. Со години и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите и граѓаните алармираа и предупредуваа дека Груби ја ограбува државата, а СДС и ДУИ молчеа. Со што ги држел Артан Груби СДС и ДУИ па никој не смеел да му застане на патот? Дали уште СДС се уценети од Груби и затоа не смеат да се откажат од него и со што? Жално е да се гледа како СДС се претвори во партија на уценети политичари, кои заради свој личен комодитет ја уништуваат опозицијата. Ќе се охрабри ли некој во СДС да каже НЕ на Груби и политичарите кои ги уценуваат во врвот на СДС?“, рече Петрушевски.