Контакт

Македонија

Визите паѓаат во петок на полноќ

Објавено пред

Визниот режим за граѓаните на Македонија за Шенгенската зона паѓа од ноќеска на полноќ, што ќе биде одбележано со повеќе пригодни манифестации.По тој повод, вечерва во Скопје е прогласена „Бела ноќ“, што значи дека локалите и културните објекти ќе работат до рано

dobivaj vesti na viber

Визниот режим за граѓаните на Македонија за Шенгенската зона паѓа од ноќеска на полноќ, што ќе биде одбележано со повеќе пригодни манифестации.По тој повод, вечерва во Скопје е прогласена „Бела ноќ“, што значи дека локалите и културните објекти ќе работат до рано наутро.Централнaтa забава ќе се одржи на плоштадот Македонија, каде што граѓаните неколку часови ќе ги забавуваат најпознатите македонски пејачи, најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ и британскиот техно и поп диџеј  Фетбој Слим.Како што најави организаторот „Литиум рекордс”  концертот започнува во 18 часот, а својот настап го потврдија Слаткаристика, ДНК, Елвир Мекиќ, Тони Зен, Јован Јованов, Ламбе, Адриан Гаџа, Елена Ристеска, Каролина, Есма, Калиопи, Владо Јаневски и Влатко Стефановски трио. Настапот на Здравко Чолиќ е закажан за некаде по 22 часот, а диџеј Фетбој Слим ќе настапи во 00,30 минути.Македонската влада по повод визната либерализација во сабота организира еднодневен излет за сто граѓани, кои ќе бидат придружувани од најдобрите студенти и од група новинари. Европската унија ги укина визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора, кои со биометриски пасоши можат да патуваат во 25 држави членки на Европската унија, освен Велика Британија и Ирска, како и во Норвешка, Швајцарија и Исланд./крај/мп/крај/со/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

Објавено пред

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на трибината „Автопат Е-75: Инфраструктурата како основа за развој на транзитниот туризам“.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека државата треба да размислува стратешки како да привлече инвеститори во изградба на хотели, особено во заштитените подрачја, каде што, според него, бирократските процедури речиси го оневозможуваат развојот на туризмот.

„Во моментов сме во една ситуција кога е комплицирано да се гради. Урбанистичките планови се носат предолго, посебно во заштитените подрачја. Практично невозможно е да се гради во заштитените подрачја. Не можеме да зборуваме за туризам, а во главниот труистички центар да нема хотели со пет звезди или има ограничување во висините. И затоа сакам да ја отворам оваа тема, да размислува јавноста. Во ред е да има заштита, но ако сакаме да се развиваме во туризмот во делот на изградба на хотели, а не во згради, треба да ја ослениме процедурата за изградба на хотели и да привлечеме инвеститори. Ова исто така се однесува и за долж коридор 10”, истакна вицепремиерот.

Николоски потсети дека Македонија е меѓу ретките држави со двоцифрен раст на туристи, а за само една година се воведени 21 нови директни авиолинии од европски метрополи.

„Минатата година преку Македонија транзитираа повеќе од 10 милиони патници. Ова покажува дека Владата е посветена на развојот на туризмот,“ истакна вицепремиерот.

Тој го нагласи значењето на Коридор 10 како европски транспортен правец низ кој минуваат транзит туристи, но и потенцијалот тие да се задржуваат подолго во земјата.

Меѓу проектите кои треба да придонесат за тоа, Николоски ги спомена брзата пруга, винскиот туризам, археолошките локалитети и урбанистичкото решение за Стоби.

„Од центар на Скопје до центар на Солун ќе патуваме со воз за час и дваесет минути. Со тоа ќе се зголеми искористеноста на железницата и туристичкиот потенцијал на Коридор 10,“ рече Николоски, додавајќи дека Владата ја финансира изработката на урбанистичкиот план за археолошкиот локалитет Стоби.

Тој додаде дека винската индустрија и малите винарии во Тиквешијата стануваат се попосетени, и дека Владата ги поддржува земјоделците како дел од стратегијата за развој на винскиот туризам.

Вицепремиерот повтори дека туристичкиот потенцијал на Македонија не е искористен ниту 10 отсто, но дека државата има шанса да стане центар на транзитниот и културниот туризам во регионот.

На трибината, организирана од Министерството за култура и туризам, свое видување дадоа и министерот Зоран Љутков и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хуманитарен базар „Симит и погача“ во Дебар Маало

Објавено пред

Од

Општина Центар, по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, го организира „Фестивалот на симит и погача во срцето на Скопје“, кој ќе се одржи пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, утре во 10:30 часот.

dobivaj vesti na viber

На хуманитарниот базар посетителите ќе можат да ја дегустираат познатата скопска симит погача, препознатлив симбол на локалната традиција, како и други домашни специјалитети подготвени од Активот на жени пензионерки од Центар.

Во програмата се вклучени пензионерите од Здружението на пензионери на Општина Центар, учениците од основните училишта, членови на Сојузот на борци и претставници од културата и уметноста.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги покани граѓаните да се приклучат на настанот.

„Фестивалот на симит и погача е посветен на нашето Скопје, но пред се на човечноста. Средствата собрани од хуманитарниот базар ќе бидат донирани за Здружението „Супорт Кочани“. Ги поканувам сите да дојдат, да вкусат дел од центарската традиција и домашната храна и да придонесат за една хумана цел,“ порача Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почеток на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 %

Објавено пред

До крајот на месецов или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата кои се во нејзина надлежност. Барањата на компаниите се веќе доставени до РКЕ.

dobivaj vesti na viber

„Компаниите ги доставија барањата уште во текот на октомври. МЕПСО побара некое минимално зголемување од 0,67% за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не ни побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено во своето барање имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе има тендер за набавка на загубите на електрична енергија кои што имаат исклучително големо влијание на цената на електрична енергија. Кон крајот на овој месец, почетокот на следниот ќе ги знаеме цените коишто ги определува РКЕ, тоа е за пренос и за дистрибуција на електрична енергија и тука не верувам дека ќе има какви било поместувања, а понатака по завршувањето на тендерот за универзалниот снабдувач согласно новиот Закон за енергетика ЕВХ Хоум ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и за малите потрошувачи“, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Во периодот што следи, кога потрошувачката електрична енергија се зголемува, директорот на МЕПСО Александар Пауновски вели дека граѓаните можат да бидат спокојни по прашањето за големи испади.

„Имаме голем број активни проекти кои што во моментов се реализираат, еден од нив е 110 киловолтниот далновод Прилеп-Битола. Исто така во тек е продолжување на договорот за реализација на интерконекцијата помеѓу Македонија и Албанија и секако во исто време го очекуваме и реакторот за реактивна енергија кој што би требало да се инсталира во 400-киловолтната трафостаница Дуброво со кој што би се довеле во нормални граници напонските прилики во нашата држава“, вели директорот Пауновски.

Покрај тековните проекти, Пауновски кажа дека имаат аплицирано за голем број грантови преку механизмот за инвестирање на Западен Балкан за надградбата и инвестирањето во преносната мрежа со цел да овозможат непрекинато снабдување на граѓаните со електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почеток на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 %

До крајот на месецов или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија3 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура4 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија4 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет4 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија4 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет5 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет6 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа6 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет7 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет7 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија7 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија20 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ1 ден

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија1 ден

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија1 ден

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...