Македонија
Нови 25-мина хоспитализирани од Х1Н1
Дванаесет пациенти со симптоми на грипот Х1Н1 биле хоспитализирани во последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се вели во последниот извештај на
Дванаесет пациенти со симптоми на грипот Х1Н1 биле хоспитализирани во последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се вели во последниот извештај на Министерството за здравство.
Во соопштението се наведува дека состојбата на новопримените заболени е стабилна, освен кај четворица кои се со потешка форма на пневмонија и имаат проблеми со дишењето.
Уште 13 пациенти со симптоми на новиот грип биле задржани на болничко лекување и во Воената болница, Клиниката за детски болести и на Институтот за белодробни заболувања, со што вкупниот број на хоспитализирани во последното деноноќие изнесува 25 лица.
Од Заводот за градска заштита информираат дека од вчера попладне се вакцинирале околу 140 луѓе, и дека интересот на граѓаните за имунизација против новиот грип е исклучително голема.
Од таму потсетуваат дека вакцинацијата е бесплатна и се врши секој ден од 8 до 20 часот во Центрите за јавно здравје и во Здравствените домови ширум Македонија. /крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.