Македонија
Макфакс на списокот за линч на новинари
Независната новинска агенција Макфакс се најде на списокот на медиуми кои „биле потплатени од Грција“, што го објави порталот на македонската дијаспора Мина.
Независната новинска агенција Макфакс се најде на списокот на медиуми кои „биле потплатени од Грција“, што го објави порталот на македонската дијаспора Мина.
Меѓу повиканите медиуми врз кои се изнесени тешки обвинувања и дискриминација покрај Макфакс, има и неколку други македонски медиуми.
Здружението на новинари на Македонија преку соопштение најостро ја осудува се позачестената пракса на неаргументирано етикетирање на новинари како „предавници“.
Повикувајќи се на списокот на Вечер и ТВ Сител новинарката на извесна агенција МИНА Валентина Трајковска оди и чекор подалеку. Таа исто така објави подолг список на македонски медиуми и новинари кои биле платени од грчката влада да поддржат каков и да е став на Атина за името, истовремено обвинувајќи дека „хистерично дезинформирајќи ги со писма организациите на ЕУ за тоа колку е лоша македонската влада кон својот народ и кон своите соседи“ при што некои од нив „одат дотаму што возат автомобили со грчки регистарски таблички“.
„Посочените текстови се во директна спротивност со членот 10 од Кодексот на новинарите , како и од членот 7 од Универзалната Декларација за однесување на Меѓународната федерација на новинарите како и сите Кодекси и правила на професијата – забрануваат говор на омраза и кршење на човековите права и дискриминација меѓу другото и врз основа на политички или друг став“, се вели во реакцијата
Според ЗНМ, станува збор за кршење на основниот принцип на новинарскиот ангажман кој секогаш треба да биде насочен кон градење на демократијата, промоција на толерантноста, почитување на човековите права и достоинството .
Прогласување на предавници, именување и објавување на списоци е чин кој драматично наликува на времињата на најцрниот тоталитаризам, се наведува во соопштението на ЗНМ/редакција Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје.
Гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија во овој исклучително тежок геополитички моментум.
Претседателката, низ призма на принципите и вредностите гарантирани со европските конститутивни акти, презентираше свои видувања и предлози за излез од блокадата.
Гостите изразија не само интерес, туку и подготвеност да помогнат во надминувањето на неодржливиот status quo во којшто се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.
Претседателката го поздрави конструктивниот пристап на АЛДЕ, во духот на европските демократски принципи и вредности.
На средбата присуствуваа Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка, Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарно Собрание на Совет на Европа, Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка и МНР на Хрватска, Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.
Македонија
Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“.
Тошковски вели дека граѓаните значително ја намалиле брзината на возење, а бројот на сообраќајни незгоди е во опаѓање.
„Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Горд сум што македонските граѓани покажаа дека и во тест период кога ќе се вметне едно решение, граѓаните сфатија и го забавија возењето во рамки на главниот град. Граѓаните покажаа дека можат поинаку и дека сега се вистински Европјани. Намалени се бројките на сообраќајки на територија на Град Скопје, а особено на тешки телесни повреди и смртни последици“, кажа министерот.

Граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилности и проблеми со системот „Безбеден град“ преку специјален пункт во склоп на управните служби на МВР, интернет-страница и мобилна апликација, најави Тошковски.
Тој нагласи дека се работи на остранување на сите неправилности и од 1 февруари возачите свесно ќе придонесат за безбедноста во сообраќајот.

