Македонија
Хоспитализирани 19 нови пациенти со симптоми на А Х1Н1
Вкупно 19 нови пациенти хоспитализирани се во текот на последните 24 часа на четири различни клиниката во Скопје, соопшти во саботата министерството за здравство
Вкупно 19 нови пациенти хоспитализирани се во текот на последните 24 часа на четири различни клиниката во Скопје, соопшти во саботата министерството за здравство
Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти сомнителни за инфлуенца А Х1Н1 и таму во моментот се лекуваат 73 пациенти.
Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај двајца пациенти, со потешка форма на пневмонија, кои се поставени на респиратор.
Двајца пациенти се хоспитализирани на инфективното одделение во Воената болница, каде вкупно се хоспитализирани 20 лице со симптоми на грип.
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 9 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 41 пациент со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години).
Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен едно дете, со потешка форма на пневмонија.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште четири нови пациенти со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 25 деца. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

