Македонија
Хоспитализирани седум возрасни и 11 деца со симптоми на грип
Вкупно 18 нови пациенти, од кои 11 деца, хоспитализирани се во изминатите 24 часа на скопските клиники, соопшти во неделата министерството за здравство.
Вкупно 18 нови пациенти, од кои 11 деца, хоспитализирани се во изминатите 24 часа на скопските клиники, соопшти во неделата министерството за здравство
Пет нови пациенти сомнителни за инфлуенца А Х1Н1 примени се на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде во моментот се лекуваат 74 пациенти. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај двајца пациенти, со потешка форма на пневмонија, кои се уште се поставени на респиратор. На инфективното одделение во Воената болница се хоспитализирани тројца нови пациенти, a вкупно се хоспитализирани 21 лице со симптоми на грип.На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани осум нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 47 пациент со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, со потешка форма на пневмонија. На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште три деца со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 36 деца.Од Центарот за јавно здравје информираат дека за време на викендот, вакцина против новиот тип на грип примиле над 100 граѓани од Скопје. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

