Македонија
Избор на најдобрите мали претпријатија

Традиционалниот избор на најуспешни микро и мали претпријатија во Македонија ќе се одржи во понеделник во Скопје во рамки на манифестацијата „Претприемач на годината – 2009“.Според најавата, на изборот ќе бидат доделени прва и втора награда за најуспешeн претприемач
Традиционалниот избор на најуспешни микро и мали претпријатија во Македонија ќе се одржи во понеделник во Скопје во рамки на манифестацијата „Претприемач на годината – 2009“.Според најавата, на изборот ќе бидат доделени прва и втора награда за најуспешeн претприемач, во две категории: за микро претпријатија и за мали претпријатија. Наградените ќе добијат статуетки, а на првонаградените претприемачи ќе им биде врачена и награда од 1.000 евра за прво место (во вредносен ваучер кој ќе може да го користи за реклама на претпријатието).Целта на овој свечен настан е поттикнување на претприемачкиот дух и култура во држaвата, преку промоција на успешни претприемачки приказни. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид.
Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот, а глисерот бил зактвен кога почнал да гори.
Огнот е локализиран, а повредени лица нема. Причините за пожарот се истражуваат.
Македонија
Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12 месеци посветена работа, подготвени сме да покажеме не само отчет, туку резултати што отвораат реални перспективи, изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Тој рече дека е ревидирана преговарачката структура и дека 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции.
„Ја ревидираме преговарачка структура, на линија на новата реорганизација на органите на државната управа, земајќи ги при тоа предвид и новините во пристапните преговори во насока на зајакнување на дијалогот за ЕУ. Министерството за европски прашања е институцијата која ја има централната координативна улога во националниот механизам за координација на процесот на интеграција, но истиот вклучува околу 150 институции и над 800 експерти од администрација, кои ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции. Сето ова го правиме со фокус на суштината, а тоа се реформите“, рече тој.
Муртезани додаде дека најголемиот поттик за реформската енергија дошол преку Планот за раст и Реформската агенда.
„Ги завршивме сите законски процедури пред останатите земји во регионот и ги повлековме средствата од претфинансирањето во висина од 52,5 милиони евра. Го доставивме и првото барање за ослободување на средства – 17 милиони евра, од кои над 9 милиони се за капитални инвестиции. Ова покажува политичка зрелост, лидерство и подготвеност да ја донесеме Европа дома, преку реализација на реформите во областа на владеење на правото и зајакнување на правната држава, унапредување на системот за управување со јавните финансии, поддршка за енергетска транзиција и нови стандарди во корпоративното управување“, рече министерот.
Муртезани додаде дека е координирано ревидирањето на Индикативната листа на инвестициски проекти во рамки на Инструментот за раст и реформи и Реформската агенда, како и планирање на процесот на аплицирање при Инвестициската рамка за Западен Балкан. Истакна дека листата во моментот опфаќа 19 проекти во вкупна вредност од 1,1 милијарда евра во рамки на кои се планирани 400 милиони евра ИРЗБ (WBIF) грантови.
Муртезани кажа дека добиени се 4 грантови за техничка помош при Инвестициската рамка за Западен Балкан и аплицирано е со два проекти за Техничка помош и 2 инвестициски грантови при ВБИФ за техничка помош за Северна Македонија.
Истовремено, додаде тој, го финализиравме програмирањето на ИПА 2025-2027, со 67 милиони евра насочени кон стратешки сектори, вклучително и владеење на правото, образованието, јавната администрација и иновациите.
Министерот рече дека се преведени 20.000 страници од правото на ЕУ.
„Знаеме дека ниту една реформа не може да успее без институции што разбираат и зборуваат на ист јазик со Унијата. Затоа вложивме сериозни ресурси во превод на правото на ЕУ: над 20.000 страници, со дополнителни 35 милиони денари буџетска поддршка за 2025 година. Но, одиме чекор понатаму: со поддршка од Европската комисија започнуваме пилот-проект за употреба на вештачка интелигенција во процесот на транспозиција и превод. Северна Македонија е прва во регионот во овој напреден пристап“, рече тој.
На крајот истакна дека Министерството работи со факти, со бројки, со реални ефекти врз граѓаните.
„Со овие резултати, не само што го зацврстуваме кредибилитетот дома, туку испраќаме порака и до Брисел дека Северна Македонија е подготвена, со капацитети, со волја и со визија“, рече Муртезани.
Македонија
Поевтинуваат дизелот и бензините

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за два и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 1.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,583 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,605 денари и сега ќе изнесува 39,583 денари за килограм.