Македонија
Презентација на можностите на Законот за слободен пристап до информации

Информативна средба на која ќе бидат презентирани можностите кои ги пружа Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе се одржи во вторник во Скопје.На средбата треба да бидат презентирани и исклучоците од слободниот пристап
Информативна средба на која ќе бидат презентирани можностите кои ги пружа Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе се одржи во вторник во Скопје.На средбата треба да бидат презентирани и исклучоците од слободниот пристап, предвидени со законот.Македонското здружение на млади правници во септември 2006 започна со проектот “Основање на систем за слободен пристап до информации во Република Македонија“, што продолжи да се имплементира и во текот на целата 2009.Главната цел на проектот е да придонесе кон промоција на правото на граѓаните за слободен пристап до информации, како и активно набљудување на сегашната имплементација на легислативата од оваа област во земјата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) СДСМ: Превоз на ученици што чини 50 денари, градоначалникот на Карбинци го наплаќа 1.013 денари

ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари, обвини Јордан Насев од СДСМ, претседател на ОО Карбинци.
„Ja алармираме јавноста и надлежните институции за скандалозното, коруптивно и расипничко трошење на јавните пари во општина Карбинци, под раководство на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов. Денеска го објавуваме првиот скандал, малверзации со превозот на ученици. За неполни четири години, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалнкот Паунов потрошила речиси 500.000 евра за превоз на ученици во основното образование. Скандалот е во тоа што превозот се врши по цени 20 пати повисоки од реалните“, рече тој.
Насев вели дека превоз со Јавното претпријатие Стипион на релација од село Нов Караорман до село Карбинци чини 50 денари, дневен билет во двата правци, а во тендерот за превоз на ученици распишан во учебната 2023/2024 година од општината превоз на едно дете дневно наплаќаат 1.013 денари.
„За одредени релации, еве на пример од Горни Габер до Радање општината наплаќа 1.878 денари или 30 евра дневно. Повторувам, за еден ученик, дневно. За 30 евра истиот превозник обезбедува превоз до Црна Гора во двата правци. Годишно, за еден ученик тоа се 332.640 денари или околу 5.000 евра. 20 пати над реалната сума. Ова е мега скандал. Ова е класичен грабеж на народот од страна на градоначалникот и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.
Според Насев, овие милионски суми завршуваат во фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во што жителите на Карбинци сѐ почесто препознаваат класична злоупотреба на функцијата.
Тој кажа дека СДСМ бара сите надлежни институции да отворат постапки за криминал и корупција во Карбинци.
Македонија
Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид.
Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот, а глисерот бил зактвен кога почнал да гори.
Огнот е локализиран, а повредени лица нема. Причините за пожарот се истражуваат.
Македонија
Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12 месеци посветена работа, подготвени сме да покажеме не само отчет, туку резултати што отвораат реални перспективи, изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Тој рече дека е ревидирана преговарачката структура и дека 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции.
„Ја ревидираме преговарачка структура, на линија на новата реорганизација на органите на државната управа, земајќи ги при тоа предвид и новините во пристапните преговори во насока на зајакнување на дијалогот за ЕУ. Министерството за европски прашања е институцијата која ја има централната координативна улога во националниот механизам за координација на процесот на интеграција, но истиот вклучува околу 150 институции и над 800 експерти од администрација, кои ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции. Сето ова го правиме со фокус на суштината, а тоа се реформите“, рече тој.
Муртезани додаде дека најголемиот поттик за реформската енергија дошол преку Планот за раст и Реформската агенда.
„Ги завршивме сите законски процедури пред останатите земји во регионот и ги повлековме средствата од претфинансирањето во висина од 52,5 милиони евра. Го доставивме и првото барање за ослободување на средства – 17 милиони евра, од кои над 9 милиони се за капитални инвестиции. Ова покажува политичка зрелост, лидерство и подготвеност да ја донесеме Европа дома, преку реализација на реформите во областа на владеење на правото и зајакнување на правната држава, унапредување на системот за управување со јавните финансии, поддршка за енергетска транзиција и нови стандарди во корпоративното управување“, рече министерот.
Муртезани додаде дека е координирано ревидирањето на Индикативната листа на инвестициски проекти во рамки на Инструментот за раст и реформи и Реформската агенда, како и планирање на процесот на аплицирање при Инвестициската рамка за Западен Балкан. Истакна дека листата во моментот опфаќа 19 проекти во вкупна вредност од 1,1 милијарда евра во рамки на кои се планирани 400 милиони евра ИРЗБ (WBIF) грантови.
Муртезани кажа дека добиени се 4 грантови за техничка помош при Инвестициската рамка за Западен Балкан и аплицирано е со два проекти за Техничка помош и 2 инвестициски грантови при ВБИФ за техничка помош за Северна Македонија.
Истовремено, додаде тој, го финализиравме програмирањето на ИПА 2025-2027, со 67 милиони евра насочени кон стратешки сектори, вклучително и владеење на правото, образованието, јавната администрација и иновациите.
Министерот рече дека се преведени 20.000 страници од правото на ЕУ.
„Знаеме дека ниту една реформа не може да успее без институции што разбираат и зборуваат на ист јазик со Унијата. Затоа вложивме сериозни ресурси во превод на правото на ЕУ: над 20.000 страници, со дополнителни 35 милиони денари буџетска поддршка за 2025 година. Но, одиме чекор понатаму: со поддршка од Европската комисија започнуваме пилот-проект за употреба на вештачка интелигенција во процесот на транспозиција и превод. Северна Македонија е прва во регионот во овој напреден пристап“, рече тој.
На крајот истакна дека Министерството работи со факти, со бројки, со реални ефекти врз граѓаните.
„Со овие резултати, не само што го зацврстуваме кредибилитетот дома, туку испраќаме порака и до Брисел дека Северна Македонија е подготвена, со капацитети, со волја и со визија“, рече Муртезани.