Македонија
Интензивно се расчистува снегот во Скопје
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во изминатово деноноќие фрлија 45 тони сол на градските улици и засилено интервенираа на проблематичните точки, мостовите и подвозниците.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во изминатово деноноќие фрлија 45 тони сол на градските улици и засилено интервенираа на проблематичните точки, мостовите и подвозниците.
Како што соопшти во вторникот информативната служба на Град Скопје, кризниот штаб за одржување на градските улици во зимски услови и во текот на денешниот ден ќе интервенира според потребите на теренот.
Работниците на ЈП „Водовод и канализација“ работат во две смени на целото градско подрачје, а со цистерни под вакуум и под притисок се чистат и одмрзнуваат сливниците на атмосферската канализација за да ја прифатат водата од снегот што се топи.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ со лопати го чистат натапканиот снег од тротоарите пред медицинските установи, улиците Моша Пијаде, 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, Стив Наумов, Македонија, Цветан Димов, како и по должината на булеварите Крсте Мисирков, Христијан Тодоровски Карпош, Кочо Рацин и Климент Охридски.
Предвидено е денеска да се дорасчити плоштадот „Македонија“, улиците во Старата скопска чаршија и приодите кон објектите на странските претставништва.
Заради поголема ефикасност, во расчистување на снегот од тротоарите се вклучени и работници од другите градски јавни претпријатија.
Градот Скопје ги потсетува граѓаните и сопствениците на деловните објекти на нивната законска обврска да го расчистат снегот на приодите пред нивните простории. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Тошкоски: МВР почнува силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град.
„Седумнаесет главни булевари и улици ќе се покриваат интензивно од страна на МВР во делот на сторени сообраќани прекршоци од сите учесници во сообраќајот. Фокусирано сме булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчести се случуваат сообраќајните несреќи и одземаат човечки животи.
Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето и човечкиот живот“, истакна министерот и притоа упати пораки до сите учесници во сообраќајот.
Министерот Тошковски потенцираше дека МВР ќе преземе голем број дејствија во рамки на своите надлежности и ќе делува максимално активно и превентивно во дејствијата со цел намалување на жртвите во сообраќајот.
„Минатата година има 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа се страшни бројки. Сите како општество мора да се фокусираме тие бројки да се намалат.
Имаме начин како да се намалат овие бројки. Интензивно работиме на имплементација на проектор „Безбеден град“ кој ќе прерасне во „Безбедна држава“. Овој проект апсолутно ќе помогне во зачувување на човечките животи и во зголемувањето и имплементирање на сообраќајна култура која ни е потребна.
Сигурен сум дека во иднина со макотрпна работа, реализација на планираните проекти и усогласување на законската регулатива во иднина ќе имаме значително помали бројки на жртви од сообраќајни незгоди.“, на крај истакна министерот Тошковски.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од населба Момин поток извод кон река Серава (општина Карпош)
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул. Хелсинки бр.9А и 9Б и Ташкентска бр.18,16 (општина Карпош)
– во периодот од 07.30 до 16.00 часот, дел од корисниците од ул.1, над маркет Давидов до кружен тек, ПВ Метало Солар(општина Сопиште)
– во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул.500, ул.500 – Марино, од црква Света Троица до фотостудио Визија (општина Илинден)
– во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. 6, сите останати корисници во делот од с. Арачиново под регионалниот пат во насока кон нас. Илинден, ул. 4, ул. 8, ул. 10 (општина Арачиново)
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска, наутро студено со услови за појава на утринска магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје студено со услови за појава на слаба магла, преку денот претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.