Македонија
Папуљас со одговор на писмото на Иванов

Грчкиот претседател Каролос Папуљас му одговори на својот македонски колега Ѓорге Иванов, истакнувајќи дека би прифатил покана да ја посети Македонија, но дури откако ќе биде решен спорот за името.
Грчкиот претседател Каролос Папуљас му одговори на својот македонски колега Ѓорге Иванов, истакнувајќи дека би прифатил покана да ја посети Македонија, но дури откако ќе биде решен спорот за името. „Со интерес го добив и го прочитав Вашето писмо. Грција силно ги поддржува пријателските и добрососедски односи со сите соседни земји, се разбира, вклучувајќи ја и Вашата. Би сакал да ја посетам Поранешната Југословенска Република Македонија без притоа да постои препреката на неразрешеното прашање за името“, се вели во писмото. „Јас не би сакал да Ви сугерирам за тоа што би било од интерес за Вашата земја. Сепак, цврсто верувам дека е потребно да ја процените состојбата реално. Решението за прашањето за името ќе се покаже корисно за легитимните аспирации на Вашиот народ. Морам да нагласам дека колку подолго трае трагањето по решение за името, толку подолго ќе остане нерешено пристапувањето на Поранешната Југословенска Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Се надевам дека ќе имам можност да Ве посетам штом ваквата разлика меѓу нас е минато“, се вели во писмото на Папуљас до Иванов.Писмото е одговор на поканата од македонска страна до Папуљас да ја посети Македонија, испратена на 4 ноември. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Целоснo e реконструиран стадионот „ССК“ во Драчево

По децениска запуштеност и негрижа, спортскиот стадион ССК во населбата Драчево, кој некогаш важеше за едно од главните спортски обележја на Кисела Вода, доби целосно нов лик. Со свечена церемонија, синоќа беше пуштен во употреба, благодарение на заложбите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и поддршката од Фудбалската федерација на Македонија, извести општина Кисела Вода.
Обновениот стадион нуди услови кои се во согласност со современите спортски стандарди. Станува збор за целосна реконструкција што опфаќа девет нови соблекувални, современа теретана, туш кабини, поставена е нова заштитна ограда по целата должина на објектот, а тревната подлога е комплетно санирана. Посебно значајно е и новото осветлување со рефлектори, кое овозможува користење на теренот и во вечерни услови – за тренинзи и официјални натпревари.
Оваа инвестиција значи враќање на животот на еден значаен спортски капацитет во општината, кој во минатото беше дом на многу успешни фудбалски имиња. Со реконструкцијата, ССК повторно станува центар за младите спортисти и фудбалери од Кисела Вода и пошироко, создавајќи услови за нивен развој и афирмација, велат од Општината.
„Заврши долгогодишната негрижа за овој спортски терен во Драчево кој во минатото беше едно од спортските одбележја на Кисела Вода. Вечерва, со свечена церемонија го пуштивме во употреба стадионот кој е белег на нашата општина и од кој во минатото се прославиле доста звучни имиња во македонскиот фудбал. Драго ми е што моите заложби за неопходните реконструктивни зафати на ,,ССК” вродија со плод и што наидовме на разбирање кај ФФМ за што сакам да изразам огромна благодарност, па спортистите сега повторно го добија овој простор за себе, но со услови кои се модерни и современи. Стадионот доби девет целосно нови соблекувални, нова теретана и туш кабини, нова ограда по целата должина, санација на тревната подлога, комплетно осветлување со нови рефлектори – што овозможува одлични услови за тренинг и за одржување на натпревари на фудбалскиот клуб ,,ССК”. Обновата на спортска инфраструктура е поставена високо во листата на моите приоритети како градоначалник и се трудам тоа да им го овозможам на моите граѓани на секој начин – преку инвестирање, преку градење, преку лобирање до надлежните во случај кога друга институција ги има ингеренциите, како што е овој случај. Силно верувам дека обновата на ССК ќе роди нови спортски ѕвезди, чии успеси сите ќе нѐ направат горди. Нека е со среќа“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови на жалост и болка. Во Куманово се одвиваше една од најтрагичните и најмрачни настани по конфликтот – крвава акција која одзеде човечки животи, уништи домови и остави длабоки рани во душата на албанскиот народ“, велат од „Влен“.
„Но, ни таа трагедија не беше доволна причина за ДУИ да се откаже од власта – се однесуваа како ништо да не се случило. Тоа однесување не е само навреда за жртвите и нивните семејства, туку јасен показател за целосната отсеченост на таа политичка класа од реалноста на обичниот Албанец.
Декадата што помина од тие настани не значи дека албанскиот народ страда од амнезија. Сите ние, со голема болка, се сеќаваме на тие мрачни денови – напуштени домови, детски трауми, бегства, солзи и страдања кои не може да се заборават. А сепак, функционерите на партијата која се претставуваше како чувар на албанскиот народ, ДУИ, продолжуваа да се чешлаат, да садат коса, да се потсмеваат во јавни институции, и да глумат „кападаи“ додека народот крвави од раните што токму нивната лоша власт ги предизвика.
Настаните во Куманово не се само горчлива страница во нашата историја, туку и јасен доказ за моралниот, политичкиот и институционалниот неуспех на тие што со години ја злоупотребуваа власта во име на Албанците.
ВЛЕН изразува длабоко сочувство кон сите жртви и семејства кои ги изгубија своите најмили во тие црни денови. Воедно, нашата постојана заложба е вистината за 9 и 10 мај никогаш да не избледи, и одговорните за оваа трагедија да се соочат со правдата.
Албанците заслужуваат правда, достоинство и достојно претставување – а не заборав и потсмев“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)