Македонија
Нов камион-платформа за поткастрување на високите гранки во Скопје
Ново возило – платформа за сечење и поткастрување високи гранки доби во четврток ЈП „Паркови и зеленило“ од страна на градските власти.
Ново возило – платформа за сечење и поткастрување високи гранки доби во четврток ЈП „Паркови и зеленило“ од страна на градските власти. Платформата е од марката Nisan Cup Star и може да се поткрева до 16 метри. За набавка на новото возило Градот Скопје потроши 3,7 милиони денари. Според најавите, Градот во наредниов период ќе набави уште три камиони за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“, а за таа цел од градскиот Буџет за 2010 година се одвоени 15 милиони денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дојави за експлозивни направи во три училишта во Центар, се вршат антитерористички проверки
Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи, извести општина Центар.
„Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излезе на терен и презеде мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.
Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ ,, Гоце Делчев “ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава , во тек е полициска проверка.
Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита“, соопшти општина Центар.
Скопје
Дојави за бомби во неколку скопски училишта
Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопшти МВР и најавија повеќе информации за текот на денот.
За дојавите за бомби извести и вд градоначалникот на општина Аеродром.
„По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава“, извести вд градоначалникот Дејан Митески.
„По дојавите, беше постапено согласно протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани“, додаде Митески.
Тој повика на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар.
Македонија
Најстудено утрово на Попова Шапка
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -8 степени, -5 било во Маврови Анови, -4 во Крушево, -3 во Дебар, -2 во Крива Паланка, Охрид, Битола и Берово, -1 во Претор, 0 во Тетово, Прилеп, Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица и Кавадарци, 3 во Скопје-Петровец и Велес, 4 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена, претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје претпладне претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.