Македонија
Карајанов: Односите со Косово ќе се зајакнуваат на сите полиња
Кога станува збор за Косово се е приоритет, почнувајќи од билатералните односи што треба да ги развиваме како два соседи, а кои и онака се на завидна ниво.
Кога станува збор за Косово се е приоритет, почнувајќи од билатералните односи што треба да ги развиваме како два соседи, а кои и онака се на завидна ниво.
Ова во четвртокот во Скопје го истакна првиот амбасадор во нашиот нов северен сосед, Стојан Карајанов, во презентација на својата програма пред Комисијата за надворешни работи во Собранието.
Карајанов нема да има проблем во комуникацијата, со оглед на тоа што добро го владее албански јазик. Неговиот амбасадорскиот ангажман доаѓа како продолжение на веќе поминатиот мандат во Канцеларијата за врски во Приштина.
Ова е само континуитет во работата“, вели Карајанов.
Негова задача ќе биде развивање на активностите за соработката во економската сфера, по веќе потпишаниот Договорот за економска соработка со Косово.
„Ангажманот ќе биде насочен и во областа на правдата, во областа на трудот и социјалните работи, соработката меѓу двете министерства за внатрешни работи веќе кулминираше со потпишување на Договор. Имаме многу заеднички точки во областа на здравството, во областа на одбраната и друго“, вели Карајанов.
Новиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Рами Реџепи најави дека ќе ги охрабрува босанските компании да инвестираат во Македонија, како и дека ќе ги засили средбите на највисоко ниво меѓу претставниците на двете земји.
„Иако имаме информации дека до сега не е пројавен интерес од босанските компании да инвестираат во Македонија, не значи дека со мојот ангажман, нема да се очекува некоја инвестиција. Напротив, ќе работам на тоа да привлекувам инвестиции“, вели Реџепи.
Според него, почесни конзули во Босна и Херцеговина подобро би ја претставиле Македонија.
Поинтензивна економска соработка планира и новиот амбасадор во Египет, Миле Манолев, поранешен директор на Управата за цивилна воздушна пловидба, кој смета дека со неговото искуство ќе придонесе во македонско-египетските односи.
„Прво треба да почнеме со поинтензивна економска соработка која во изминативе години не беше на завидно ниво“, рече Манолев и додаде, „Имајќи го во предвид искуството со кое располагам и кариерата низ која сум поминал сметам дека за мене претставува голема чест, но и голема одговорност да ја презентирам сопствената држава особено во држава како што е Египет“.
Улогата и значењето на Египет, за Манолев се големи, во регионот, како и во рамките на активностите што ги има на Блискиот и на Средниот Исток и на афричкиот континент. /крај/форум/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

