Македонија
Состојба на патишта за петок
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата и утринава се одвива без застои и забрани и по воглавно влажни коловози. Повисоките температури предизвикаа странично топење на снегот, поради што на повисоките планински превои, низ клисурите и осојничавите места
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата и утринава се одвива без застои и забрани и по воглавно влажни коловози. Повисоките температури предизвикаа странично топење на снегот, поради што на повисоките планински превои, низ клисурите и осојничавите места има честа појава на одрони. Особено да се внимава на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Тетово-Попова Шапка.Појава на магла има на патните правци Скопје – Тетово – 50 метра, Тетово – Шапка – 30-40 метра и Скопје – Велес и обратно 50 – 100 метра.На возачите им се препорачува крајна внимателност, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.На граничните премини нема подолги чекања.Потсетување за возачите на нивната законска обврска, за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. /амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

