Македонија
Нова кривична пријава за членови од групата на Бајруш Сејдиу
Полициската акција „Пепел“, која е поврзана со криминалната група на Бајруш Сејдиу, проширена е со кривична пријава против 17 члена криминална група.
Полициската акција „Пепел“, која е поврзана со криминалната група на Бајруш Сејдиу, проширена е со кривична пријава против 17 члена криминална група.
Како што информира МВР, тие се осомничени за сторени осум кривични дела. Сите осомничени биле поврзани со приватизациите и малверзациите на фирмите на Бајруш Сејдиу.
Во четвртокот вечерта притворени се седум лица, пет се во притвор заради сторени малверзации откриени во рамките на акцијата „Пепел“, двајца се во бегство, еден од нив веќе се наоѓа на издржување на казната затвор во Ниш, додека еден српски државјанин е недостапен.
Меѓу уапсените се директори, управители и други раководни лица во акционерски друштва, стечајни управници, судија и државен советник.
Акцијата „Пепел“ започна во октомври минатата година. Кај Сејдиу беа откриени 15 тони нелегално произведени цигари,оружје, машини за печатење. Сејдиу се наоѓа во истражниот затвор Шутка. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој наскоро треба да се роди
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот на својата ќерка и и порачува дека еден ден таа и брат и ќе разберат што сака да им каже.
„Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа најверојатно го чека и твојот помал брат, кој наскоро треба да се роди.
Запомни, тоа ви го направија „чичковците“ кои ја водат оваа држава. И претходните и актуелните!!!“, пишува Игор Југ.
Еден ден ти и брат ти ќе разберете што тато сака да ви каже, додава тој.
Скопје
МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави
Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Македонија
Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој беше осуден на 12-години затвор, а последниве осум ги помина зад решетки. Беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.